Проширена истрага за Кочани: За четворица ефективен, за шестмина куќен притвор, за останатите мерки на претпазливост.

April 13, 2025
1 min read

Од новите 19 осомничени за трагедијата во Кочани за четворица ефективен, за шестмина куќен притвор, за останатите мерки на претпазливост.

Во истрагата опфатени се актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами како и поранешните Шабан Салиу и Аднан Џафероски. Осомничени се и претходниците на Крешник Бектеши, поранешните министри за економија Ваљон Сарачини, Беким Незири и Дритон Кучи.

Меѓу осомничените се најдоа 2 државни секретари и тројца службени лица во Министерството за економија. Новата истрага опфати и 6 инспектори. Четворица од пазарниот инспекторат, тројца градежни инспектори од Општина Кочани како и генералниот инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

Кај осомничените утврдени се повеќе линии на одговорност – кои укажале на незаконити дејства и пропусти од работењето на дискотеката па се до кобниот 16 март. Со продолжувањето на лиценците за работа на дискотеката- министрите за економија ги држеле во опасност животите на луѓето.Директорите на ДЗС, но и градежните инспектори не спровела никаква инспекција – контрола во клубот

Моментално во 30-дневен притвор се 31 осомничен, меѓу кои и тројца градоначалници на Кочани, како и групата од 7 полициски службенци.

Од одбраната на Шабан Салиу велат дека барањето за ефективен притвор за нивниот клиент кочанскиот суд веќе го доставил .Адвокатот Ванчо Шехтански вели дека ќе поднесе жалба Салиу кога раководел со Дирекцијата за заштити и спасување немал обврска да врши инспекциска контрола на дискотека која како што посочи работело на диво.

Министерот за внатрешни работи Тошковски вели дека законот важи за секој што ќе се огреши, а со таков пристап постои шанса како што посочи да се „рестартира“ системот. Со новата истрага обвинителството осомничи вкупно 44 физички лица и 3 правни лица. Седум полицајци се осомничени од Обвинителство за организиран криминал и корупција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим признава: Навистина сме најслабиот тим во историјата на Манчестер јунајтед

Следно

Интернетот плаче од смеење по лапсусот на Ана Брнабиќ

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop