Промоција на романот „Недостиг“ од Симеон Јанков

February 13, 2025
1 min read

Денеска во 19 часот во кафе-книжарницата Буква ќе се одржи промоција на романот „Недостиг“ од Симеон Јанков. Романот е во издание на Или-Или и е дел од едицијата ПРОаЗА.

Промоторка на романот е Фросина Крушкаровска.

„Недостиг“ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи справување со сѐ.
Во романот се наметнуваат деликатни прашања: што ако веќе го нема минатото на кое сакаш да му се вратиш, што ако не можеш да го промениш она што никогаш не се случило, што ако дури ни во детството веќе никој не те чека, дали твојата неприпадност е нечија туѓа припадност

Симеон Јанков е роден 1981 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во групата „Македонски и јужнословенски книжевности“. Автор е на романите „Црна шума“ (Ми-Ан, 2019) и „Најосаменото место“(Или-Или, 2021).

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заменик генералниот секретар на НАТО, Радммила Шекеринска, на отворање на мултинационален дивизиски центар во Унгарија

Следно

Муцунски на средба со австралиската министерка за надворешни работи Пенивонг: По две децении, нов поттик за билатералните односи

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop