Муцунски на средба со австралиската министерка за надворешни работи Пенивонг: По две децении, нов поттик за билатералните односи

February 13, 2025
1 min read

Министерот за надворешни работи и трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, оствари средба со неговата австралиска колешка, Пени Вонг, и асистент-министерот за надворешни работи, Тим Вотс. Оваа средба е прва на министерско ниво меѓу Македонија и Австралија по дваесет години и претставува значаен чекор во одбележувањето на три децении дипломатски односи меѓу двете земји.

На средбата, двете страни се согласија да ги зајакнат билатералните односи и политичкиот дијалог, како и да ги унапредат инвестициите и трговската соработка. Разговарано е и за безбедносните прашања, регионалната стабилност и заедничките геополитички предизвици.

Дополнително, австралиската страна ја потврди својата значајна улога во зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик и култура, со оглед на бројната македонска заедница во Австралија, која претставува еден од главните мостови на соработка меѓу двете држави.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на романот „Недостиг“ од Симеон Јанков

Следно

Во сомнителна експлозија на гас во Тајван загинаа пет лица, седум се повредени

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во
Go toTop