Проекција на култниот филм „Кој тоа таму пее“ во Кинотеката и разговор со режисерот Слободан Шијан

September 20, 2023
1 min read

Култниот филм „Кој тоа таму пее“ на режисерот Слободан Шијан ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Проекцијата е во рамките на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, а со Шијан ќе разговара Александар Прокопиев, писател и уметнички директор на фестивалот.

Филмот снимен во 1980 година и кој бажи за најдобра комедија на сите времиња на југословенските простори, е дигитално реставриран. Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ, а во главните улоги се појавува плејада од врвни југословенски и српски актери како Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Славко Штимац, Неда Арнериќ, Ташко Начиќ, Боро Стјепановиќ, Бора Тодоровиќ, Миливоје Томиќ и други.

фото: ПРО-ЗА Балкан

Слободан Шијан (1946, Белград) е филмски режисер, сценарист, писател, публицист, сликар и мултимедијален уметник. Автор е на неколку најпопуларни српски играни филмови и низа публикации и книги за филмот и визуелната култура.

Автор е на поетската проза за познатиот филм на Алфред Хичкок „Вртоглавица“ во издание на „Геопоетика“. Објавил повеќе книги за филмот, меѓу кои и книгата за Џон Форд. Самиздат фанзинот “Филмски летак“ кој го издавал во текот на седумдесеттите, е објавен заедно со нови есеи за филмот во истоимената книгата „Филмски летак (1976-1979) и коментари“, а за книгата „Кино Том“ во Хрватска во 2013 ја доби престижната награда на „Јутарњи лист“ за најдобра публицистичка книга.

Режисер е на некои од најпознатите филмови од Екс Југославија, како „Кој тоа таму пее“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“, „Сироти мали хрчки“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа. Во периодот од 1990-91 бил директор на Југословенската кинотека во Белград. Слободан Шијан е добитник на многу домашни и меѓународни признанија за своите филмски остварувања.

Музејот на современата уметност во Белград во 2009 организирала изложба на неговите ликовни и мултимедијални дела под наслов „Слободан Шијан: Околу филмот“, која од Друштвото на историчарите на уметноста во Србија е прогласена за изложба на годината. Шијан ја доби и наградата Традиција на авангардата за допринес кон авангардната уметност. Шијан предавал филмска режија на Факултетот за драмски уметности и на Академијата за уметност во Белград, како и на Универзитетот Лолоја Меримаунт во Лос Анџелес и на угледната филмска школа при Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска на форум за борба против дезинформациите: Најдобар одговор на дезинформациите и лажните вести е транспарентноста и вистината

Следно

Зеленски веќе не е претседател… за руските медиуми

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop