Претседателот Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп

March 16, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, известува Анадолу.

Според објавата споделена на социјалните мрежи од профилот на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, тие зборувале за билатералните односи меѓу Туркије и САД, како и за регионалните и глобалните прашања.

Во текот на разговорот претседателот Ердоган изразил целосна верба дека во новиот период (по стапувањето на Трамп на функцијата претседател на САД) Туркије и САД, како два сојузника, солидаризирајќи се, ќе ја унапредат соработката ориентирана кон резултати и на искрен начин.

Истакнувајќи дека поради регионалните и глобалните случувања потребни се зголемени консултации меѓу Туркије и САД за сите прашања, Ердоган рекол дека ги поддржуваат решителните и директните иницијативни чекори на американскиот претседател Трамп за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и дека Туркије од почетокот на војната се стреми кон праведен и траен мир и дека ќе продолжи да го прави тоа.

Турскиот претседател истакнал дека е важно заедно да придонесат за враќање на стабилноста во Сирија, функционирање на новата администрација и укинување на санкциите кон Сирија за нејзина нормализација, што ќе им овозможи на Сиријците да се вратат во својата татковина.

Претседателот Ердоган истакнал дека во новиот период од САД се очекуваат чекори во однос на борбата против тероризмот со разбирање што ќе ги зема предвид интересите на Туркије, неопходноста да се прекинат санкциите на CAATSA, потребата од финализирање на процесот на набавка на авионите Ф-16 и неопходноста за финализирање на прашањата за повторното влегување на Туркије во програмата Ф-35, со цел да се развие соработката меѓу двете земји во областа на одбраната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Следно

Трагедијата во Кочани го крена на нозе и регионот, но и Европа

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop