Трагедијата во Кочани го крена на нозе и регионот, но и Европа

March 16, 2025
1 min read

Македонија доби пораки на сочувство од бројни земји во светот за трагедијата во Кочани. Соседна Бугарија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија на Македонија и ги понудија и своите медицински капацитети и друг вид помош за справување со последиците.

Преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар пјетро паролин, папата Франциск упати порака на сочувство. Папата изразува „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до претседателката Гордана Силјановска – Давкова за трагичниот пожар. Тој  напиша дека понудил помош во хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да бидат примени во болниците во Србија голем број од повредените. Владата на Србија на својата утрешна седница ќе го прогласи 18 март за ден на жалост во целата земја поради трагедијата во Кочани..

Амбасадорката на САД Анџела Агелер изрази сочувство на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, а на премиерот Мицкоски му понуди помош.

„Срцето ми се кине за многуте жртви во пожарот во ноќен клуб во Кочани. Нашето најдлабоко сочувство за жртвите и нивните најблиски во ова страшно време, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Агелер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани.

„Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на македонија во ова тешко време, напиша фон дер Лајен.

Амбасадата на Русија во Македонија изразува сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

„Со горчина и болка ја примивме веста за страшната трагедија. Во ова тажно време жалиме заедно со македонските граѓани, ја споделуваме болката за голема загуба. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата и најблиските на загинатите. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените“, се вели во објавата на фејсбук на руската амбасада во земјава.

За големата трагедија објави и Си Ен Ен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп

Следно

Сиљановска Давкова: Не е време за делби и конфронтации, одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната

Latest from Blog

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во

Проданоски: 10 години „Гентерм“ во Прилеп – инвестиции, работни места и нови можности

Во Прилеп беше одбележана 10-годишнината од постоењето и работењето на компанијата „Гентерм“ во ТИРЗ Прилеп. По тој повод, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека компанијата во изминатата деценија прераснала во
Go toTop