Пресуда за родителите на малолетниот убиец во маскрот во „Рибникар“ – 14 и пол години за татко му, три за мајка му

December 30, 2024
1 min read

14.5 години затвор за таткото и 3 години за мајката на Коста Кецмановиќ. Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на масовниот убиец од основното училиште Владислав Рибникар, Владимир и Миљана, на неколкугодишни казни затвор.

Таткото на Коста е осуден поради несоодветно чување на оружјето во својот стан а заедно со Миљана, прогласени се за виновни и за кривичното дело, злоставување и занемарување на малолетно дете.

Иако родителите на самиот почеток не беа обвинети за ова кривично дело, јавното обвинителство во октомври го прошири обвинението по сведочењето на нивниот син. Затворска казна од 15 месеци доби и инструкторот по стрелаштво, поради лажно сведочење.

Обвинетиот Владимир Кечмановиќ, е осуден на 12 години затвор за кривично дело Тешко дело против општата безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик и казна затвор во траење од 3 години за кривично дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице од член 193 став 1 од Кривичниот законик, на единствена затворска казна од 14 години и 6 месеци. Обвинетата Миљана Кечмановиќ е осудена на затвор во траење од 3 години, додека обвинетиот Немања Маринковиќ е осуден на 1 година и 3 месеци. – Виш суд во Белград.

Родителите на убиените деца очекуваа високи казни но велат дека и без разлика на одлуката на судот, нивните животи засекогаш се променија на кобниот 3- ти мај…

 „Очекуваме осудителна пресуда. Ние веќе и без тоа сме осудени на доживотна тага.“ = Анѓелко Аќимовиќ. – татко на убиено дете.

Во меѓувреме, заврши и граѓанска постапка против родителите на момчето кое го изврши масовното убиство. Адвокатот на семејствата бара изрекување казна која треба да донесе ред во општетството, предупредувајќи дека ова не е уште една обична постапка, туку пресвртница во општествената свест и одговорност.

„Масовното убиство во училиштето засекогаш ги промени животите не само на убиените родители, туку и на сите нивни семејства, соседи и општество. Судот треба да испрати порака дека ваквото однесување не е прифатливо.“ – Огњен Божовиќ, адвокат на семејствата.

На 3-ти мај минатата година, Коста Кецмановиќ, влезе во школото каде што учел и со пиштол на својот татко, уби девет соученици и вработен во обезбедувањето. Во нападот, повредени беа уште пет деца како и наставник по историја. Малолетниот убиец нема кривично да одговара, бидејќи за време на убиствата, се уште немал наполнето 14 години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството бара распишување меѓународна потерница за Васко Ковачевски

Следно

За еден месец солунското метро го користеле над еден милион патници

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop