Пресуда за „Беса транс“

March 7, 2024
1 min read

Пресудата за случајот „Беса транс“ треба да  биде објавена денеска. Претходно во Основниот кривичен суд скопје се одржаа завршните зборови од процесот. Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. 

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса транс, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа – извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. 

Во завршните зборови, јавниот обвинител  истакна дека Обвинителството надвор од секое разумно сомневање докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ ја осудува одлуката на Израел за проширување на еврејските населби на Западниот Брег

Следно

На Задушница ќе сообраќаат зголемен број автобуси од и кон гробишта Бутел

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop