Престижна награда и признание за ЕУРОМАК БРОКЕР за исклучителен придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

December 25, 2023
1 min read

реклама


ОБД Еуромак Брокер во својата јубилејна 20-та година од постоење и деловна активност се закити со престижната награда „Креатори за векови“ за исклучителен придонес и достигнувања во развојот на претприемништвото во сферата на финансиските услуги на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, за 2022/2023 година.

Наградата Креатори за векови (SZS  − „Stvaratelii za stoljeca“) беше доделена на Светскиот Регионалниот конгрес на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа  што годинава по деветти пат се одржа во Дубровник, Хрватска. Изборот на добитниците за ова големо признанието го вршат еминентни инвеститори, претприемачи, претставници од високообразовните институции, како и ПР и Маркетинг агенции од 9 земји од регионот.

реклама

Креатори за векови е награда чиишто мисија и цел, како што се вели во официјалното соопштение од организаторот, се:  „Оддавање јавна почит на најзаслужните личности, организации и институции за нивниот придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа, како и насочување на вниманието на пошироката јавност кон големите визионери и лидери на утрешниот ден, чијашто храброст, работа, знаење, креативност и врвни резултати се темел и главен двигател на напредокот на заедницата во којашто живееме,  а кои се воедно и креатори на развојот и на предизвиците за новата ера“.  

Во истото соопштение понатаму се вели:

реклама

„Награда и признание Креатори за векови за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2022/23 година, во сферата на финансиски услуги: ЕУРОМАК БРОКЕР АД, Скопје. Република Северна Македонија.

„Пријатно сум изненаден и извонредно почестен што етаблирани бизнисмени, професионалци и експерти од сферата на економијата и претпримиштвото,  нѐ препознале како важни чинители за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа на полето на финасиите. Ова е извонредно признание, кое претставува печат и круна, не само на 2022/2023 година, но

реклама

и на секоја од 20-те години што Еуромак Брокер и секој негов вработен, низ посветеност и континуирани залагања ги нижеа инвестирајќи во сопствен развој и развој на нашата дејност во нашата земја и регионот, а посебно во едукацијата на клиентите за осигурителната дејност. Ова  признание сега веќе претставува и обврска за уште поголеми заложби во креирање благотворна клима за новите генерации коишто се идни предводници на развојот и идни креатори за векови“, по повод укажаната чест, истакна Драган Лазарески управител и основач на ОБД ЕУРОМАК БРОКЕР АД Скопје.

                Во Декларацијата на Светскиот конгрес на претприемачи што го сочинуваат претставници на академската заедница, владите, деловниот сектор, граѓанското општество и медиумите, коишто својата активност ја сметаат за континуиран ангажман, иновативен и одговорен кон себе и кон другите, како и кон средината во која делуваат, се вели: „Светскиот конгрес на претприемачи собира активни, инвентивни експерти, посветени на создавањето нови вредности, продлабочување на економските и сите други облици на поврзување, ориентирани кон општа благосостојба и сигурна иднина“.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рускиот амбасадор во Белград: Вучиќ има непобитни информации дека Западот поттикнува протести во Србија

Следно

Ердоган: Нема да дозволиме терористичките барони од северен Ирак и Сирија да нѐ оттргнат од нашиот пат

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop