Рускиот амбасадор во Белград: Вучиќ има непобитни информации дека Западот поттикнува протести во Србија

December 25, 2023
1 min read

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вчера во гостување на телевизијата Пинк јавно им се заблагодари на руските безбедносни служби за тоа што споделиле информации со српските колеги дека се подготвуваат немири по изборите

Српскиот претседател Александар Вучиќ има непобитни информации дека Западот поттикнува протести во земјата, изјави денеска рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Харченко, по средбата со Вучиќ, јавуваат српските медиуми.

„Опозицијата започна со протести кои се охрабруваат и поддржуваат однадвор. Вучиќ зборуваше за ова, не можам да навлегувам во детали бидејќи тоа е доверлива информација. Но, тој има непобитни докази дека поттикнувањето и поддршката доаѓаат од Запад“,

рече Боцан-Харченко за телевизија Русија 24, пренесе РИА Новости.

Александар Бочан-Харченко, амбасадор на Русија во Белград, Фото: Скриншот/Јутјуб

Тој посочи дека протестите во Србија се организираат и се спроведуваат според принципите и технологиите на револуцијата на Мајдан, дека Западот има намера да ги доведе опозициските сили на власт во земјата, но нагласи дека никакви цели или шеми како Мајдан нема да поминат.

„Сите незадоволства и обиди да се разниша владеењето на Вучиќ се, пред сè, поврзани со неговиот цврст став за непочитување на антируските санкции“,

рече Боцан-Харченко.

Тој посочи дека на денешната средба со Вучиќ не се разговарало само за протестите на опозицијата во Белград, туку и за билатералната соработка меѓу Русија и Србија.

По средбата Вучиќ изјави дека со Боцан-Харченко размениле мислења и за билатералните односи, за состојбите во регионот и за актуелните геополитички настани.

„На амбасадорот му ја пренесов желбата нашите два народа да ги дочекаат претстојните празници и Новата година во мир и благосостојба“,

рече Вучиќ.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера во гостување на телевизија Пинк јавно им се заблагодари на руските безбедносни служби за тоа што споделиле информации со српските колеги дека се подготвуваат немири по изборите.

„Ова веројатно нема да биде популарно кај оние од Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да се брани Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа овие информации и ги споделија со нас“,

рече Брнабиќ.

Претходно денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека Западот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Србија користејќи техники како на Мајдан.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Началникот на Генералштабот: „Борбената готовност на Армијата е на потребното ниво“

Следно

Престижна награда и признание за ЕУРОМАК БРОКЕР за исклучителен придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

Latest from Blog

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

Во период кога енергетската безбедност, зелената транзиција и европските реформи се меѓу најважните државни приоритети, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува интензивни законски и институционални промени. За досегашните резултати, но

Крај на сагата – Хари Кејн: Англичанецот им ја соопштил својата одлука на челниците на Баерн

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна
Go toTop