Преспанското езеро со крик за спас, загадувањето уште еден горлив проблем

June 7, 2025
1 min read

Преспанското Езеро со последни сили се бори за живот. Освен губитокот на вода кој од година во година е се поголем, овој природен басен се соочува со се поголемо загадување од прекумерната употреба на пестициди врз овоштарниците во Преспа.

Според анализите на Министерството за животна средина овоштарите употребуваат фунгициди, инсектициди и хербициди или околу 65 тони пестициди годишно. Во повеќе наврати во езерото завршуваа и непродадените јаболка, што земјоделците не успеваа да ги продадат, како и амбалажите од вештачките ѓубрива.

Панде Савески е овоштар 20 години и вели дека се повеќе се користат хемикалии врз овошките, а свеста за последиците кај овоштарите е мн мала.

Овие количини на хемикалии што годишно се користат во регионот стигнуваат до водата при што под закана се речиси 2.000 ретки и ендемски видови риби, птици и цицачи. Загадувањето на езерото доведува до цветање на алгите, намалување на кислородот во водата што доведува до создавање мртви зони. Истовремено се активира процес на еутрофикација или создавање штетни алги.

Хемикалиите истовремено влијаат и на размножувањето на живиот свет. Од секторот за животна средина од Ресен велат дека најновите анализи укажуваат на тоа дека е зголемено органското и нутриентно оптоварување во водата од истражните локалитети, односно има континурано внесување на нутриенти во езерскиот екосистем пред се преку површинските дотоци – реките и дренажните води од околните земјоделски површини. Посебно алармантна состојба со органско и нутриентно оптоварување е забележана во литоралот Претор во близина на успорната градба – браната  на Голема Река, која претставува и најголем потенцијален загадувач во литоралната зона, односно Преспанското Езеро во целина.

Добиените резултати укажуваат на силно антропогено влијание (отпадна вода, земјоделски активности, неодржливо управување со водата и неправилно користење на современи агротехнички методи за заштита на овошните насади и земјоделските култури со употреба на пестициди и вештачки ѓубрива).- велат од Секторот за животна средина Ресен.

И екологистите изразуваат загриженост за загадувањето на регионот. Но градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски кој и самиот е овоштар смета дека пестицидите кои се употребуваат не се опасни за езерото.

Освен пестицидите потенцијални загадувачи на езерото се и  реките кои се влеваат во него отпадните води од домаќинствата, индустриското загадување и многуте депонии со нелегално отстранет отпад.

Активистите бараат преминување кон органско земјоделство и инвестирање во одржлив туризам како и обука на преспанските овоштари како со употреба на помалку хемикалии да добијат успешен род. 

Крикот за спас на Преспанското езеро е гласен и сериозен и што поскоро треба да допре до слухот на надлежните институции,властите и државата за да се спречи опустошување на уште едно национално природно богатство.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лион ја одби првата понуда на Манчестер сити за Черки

Следно

После 20 години страдање, успешно оперирана во Косово – Џенета од Скопје се оперираше со помош на хумани луѓе

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop