Преписки меѓу јавното обвинителство и ИРЛ – ОЈО: Германското вештачење постојано беше дел од доказите

August 18, 2023
1 min read

реклама



Обвинителите  Зорица Павловиќ и Дејан  Петрески од Скопското обвинителство побарале од тетовскиот суд да не биде прифатено германското вештачење во врска со причините за пожарот во модуларната болница во Тетово.  Според аудио снимката од судското рочиште, обвинителите сметаат дека целта на одбраната е само да се одолговлечи судскиот процес. Од Судот одлучиле да се одбие барањето на одбраната, под образложение дека има доста докази за пожарот и дека всушност не се расправа за тоа како настанал пожарот.

„Судот донесе решение, предлогот на одбраната за сослушување на вештото лице од Република Германија се одбива, со оглед на тоа дека постојат доволно докази во врска со настанатиот пожар. И таквиот наод е без значење за предметот на обвинението. Ќе потврдам уште еднаш дека не е предмет на обвинение зошто избувнал пожарот. Значи неколку пати го повторив и претходно и претходно па и денеска, навлегуваме во нешто што не е содржина предмет на обвинение“.

реклама

Според ИРЛ, Обвинителството и Судот го одбиле и вештачење направена од германските експерти. Но тоа го демантира ОЈО. Велат дека резултатите од германското вештачење постојано биле составен дел од доказните материјали.

„Снимката недвосмислено потврдува дека за обвинителството вештиот наод од германските криминалисти бил важен доказ кој обвинителите го предложиле и го извеле во постапката пред судот. Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката“, порача ЈО.

реклама

Според наодите на германскиот вештак, се вели дека пожарот бил предизвикан во соба број 3, во делот на креветот број 1 каде лекарите со дефибрилатор реанимирале пациент. За причините зошто пожарот толку брзо се проширил, тој напишал дека објектот има слаб материјал за изолација, користени се слаби методи на градба и дека имало висока концентрација на кислород.

Инаку семејствата на 14 жртви од оваа трагедија заедно со други граѓани од Тетово, пред Основен суд побараа разрешување на главниот обвинител Јовески и кривична одговорност за истиот.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Емотивно: Голманот на ПСЖ ги победи најлошите прогнози: Излезе од болница по 82 дена борба за живот! (ФОТО)

Следно

Лео Меси го пецна ПСЖ: Ниту сакав, ниту планирав да се преселам во Париз… Мајами е друга приказна!

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop