Прентоска во Аргумент плус: Немаме одземено ниту една лиценца на сметководителите, тоа е дисциплинска мерка за времено бришење од регистар

February 25, 2025
1 min read

Претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија, Весна Прентоска во Аргумент плус рече дека Институтот нема одземено ниту една лиценца на сметководителите.

Според неа, тоа е дисциплинска мерка за времено бришење од регистар поради неисполнување на одредени часови за професионално усовршување предвидени со Закон. Таа објасни и дека бројот на сметководители кои не можат да работат во моментов е помала од 4000.

„Институтот нема одземено ниту една лиценца. Бројката дека 4000 сметководители се без работа не е точна. Институтот согласно законските надлежности е должен да ги води регистрите на сметководители и овластени сметководители и правни лица кои обавуваат сметководствени работи. Заклучно со 15 јануари Институтот брои околу 9000 членови и изречени се окоу 2000 дисциплинкси мерки од кои околу 1000 се за неисполнета едуакција. Дисциплинските мерки се за времено бришење од регистар каде што е објаснето дека ако членот не ги исполни часовите следи дисциплинска мерка времено бришење што значи Институтот нема одзмено лиценца. Дополнително бројките кои реално ги образложив од тие 1000 имаат времено одземање,  400 немаме податоци каде работат имама реална бројка од 700 челнови кои не оствариле часови. Тоа се часови за континуирано професионално усовршување“, рече Прентоска.

Таа зборуваше и за стопанските субјекти кои ќе останат без завршни сметки и рече дека не се виновни и треба да им се излезе во пресрет.

„Стопанските субјекти воопшто не се криви што неодговорноста на сметководителите довела да не може да поднесат завршна сметка и треба да им се излезе во пресрет  и поради тоа ние во предлозите кои ги доставивме до предлагачите на измените на Законот кажавме дека стопанските субјекти не се криви и треба да им се излезе во пресрет заради неоговорноста и непрофесионалното однесување на сметководителите за да не си ја исполнат законската обврска“, додаде Прентоска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Советот на јавни обвинители треба да го слушне гласот на граѓаните за разрешувањето на Коцевски

Следно

Петрушевски: Најголеми виновници за правосудството се кадровските решенија на СДС кои беа бирани во нивниот штаб

Latest from Blog

Центарот за култура – Битола: Културното срце што чука со над 300 настани годишно

Центарот за култура – Битола во 2025 година, со организација и реализација на традиционалните фестивали, голем број иновативни и нови манифестации, концерти, филмски проекции и со значаен број посетители и гости, ги

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат
Go toTop