Петрушевски: Најголеми виновници за правосудството се кадровските решенија на СДС кои беа бирани во нивниот штаб

February 25, 2025
1 min read

Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој говореше за реформите на правосудниот систем, каде истакна дека за разлика од СДС, новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ не го разрешува веднаш ЈО Љупчо Коцевски, туку ми даде доволно време и место да се занимава со тоа што му е работа, а тоа е да го гони криминалот и корупцијата.

„Наш прв чекор не беше разрешување на јавен обвинител, туку напротив, му дадовме доволно шанса веќе 8 месеци да се расплени со сиот свој талент, затоа што секојдневно десетици, вкупно стотици предмети, што барем ние, јавноста и медиумите, ги обелоденуваа, а за кој што со мал прст Коцевски, не мрдна’’, нагласи Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски потенцираше дека сите индикации, од Европската Унија и од извештајот на Транспаренси, на дури 4 места била спомната работата на јавниот обвинител дека е директен негативен показател.

„Ние тука разговараме за нашата перцепција, но не само за нашата перцепција туку и за релевантни извештаи, последниот е на Транспаренси, каде што јавниот обвинител на 4 места е спомнат како негативен показател во мерливоста на тие предизвици кои се наведени“, потенцираше Петрушевски и дополни дека не се само извештаите оние кои велат дека не функционира правосудството, туку дека правосудството е подлежно на влијанија на политичките партии и елити.

Петрушевски се осврна на тоа дека СДС дојде на власт со паролата нема правда, нема мир, и дека не му било јасно како тоа досега додека беа СДС на власт

„СДС на власт дојде со паролата нема правда, нема мир, а претходно секојдневно на прес-конференции осудуваа лица. Тие беа и обвинители и судии и доказен материјал, и буквално дојдоа на власт со осудување на лица во 2017 година. Сега одеднаш слушаме од нивни високи функционери, како требало независно, како не смеело да се коментираат судските одлуки и итн. Имаа 7 години, да го реформираа правосудниот систем, да го реформираа јавното обвинителство“, дециден беше Петрушевски.

Петрушевски заклучи дека реформи во судството мора да има, но со нови луѓе, а не со истите кои до сега работеле во интерес на минатата власт.

„Едни од огромните виновници, зошто судството е во оваа ситуација во која што е се токму тие кадровски решенија кои беа носени од партискиот штаб на СДС, а ставани во Судскиот совет, во обвинителството’’, заклучи Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прентоска во Аргумент плус: Немаме одземено ниту една лиценца на сметководителите, тоа е дисциплинска мерка за времено бришење од регистар

Следно

Премиерот Мицкоски утре во Неготино: Современ градски пазар, комунална инфраструктура

Latest from Blog

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од
Go toTop