Премиер лигата ќе ги казнува навредливите прослави на голови

February 5, 2025
1 min read

Премиер лигата ќе почне да ги следи прославите на играчите по постигнување гол, па дури и може да воведе санкции доколку се сметаат за навредливи или провокативни кон противничките играчи и навивачите.

Одлуката беше донесена откако неколку играчи беа критикувани за нивните начини на изразување радост по постигнувањето гол во последните недели.

За време на поразот на Арсенал од 5-1 над Манчестер Сити викендов, младиот Мајлс Луис-Скели го провоцираше Ерлинг Халанд со копирање на неговото славје, седејќи во поза за медитација, откако го постигна својот прв гол во Премиер лигата.

Минатиот месец, Ндијаје доби жолт картон откако го постигна победничкиот гол на Евертон против Брајтон додека славеше мавтајќи со рацете како галеб.

Иако фудбалските провокации на теренот не се невообичаени, Премиер лигата сега ќе почне да ги следи потезите на играчите.

-Мислам дека сите сакаме да ги гледаме прославите по постигнат гол. Некои од прославите беа многу смешни, забавни, но има линија која не се поминува. Штом прославата ќе се претвори во исмејување или критика, мораме да интервенираме, изјави директорот на Премиер лигата, Тони Сколс за „Скај Спортс“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили убија палестинско дете во јужниот дел на Појасот Газа и покрај прекинот на огнот

Следно

Ердоган се сретна со Штајнмаер во Анкара

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со

ПЛ: Халанд за нови три бода на Сити, Тотенхем непоразен кај „шумарите“

фото: Premier League @premierleague (X) Манчестер Сити продолжи со максимален ефект на стартот од сезоната во Премиер-лигата, откако со минимални 1:0 го совлада Ковентри на домашен терен во денешните попладневни дуели од
Go toTop