Израелските сили убија палестинско дете во јужниот дел на Појасот Газа и покрај прекинот на огнот

February 5, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Едно палестинско дете е убиено денес од огнено оружје на израелската армија во јужниот дел на Појасот Газа, и покрај важечкиот прекин на огнот меѓу Хамас и Израел, известува Анадолу.

Жртвата, 13-годишниот Хамза ал Хамс, била убиена од израелската армија во Рафа, изјави медицински извор од комплексот Насер во Хан Јунис.

Израелските сили пукале врз едно дете во областа Ал-Авда во Рафа, ранувајќи го, изјавија очевидци, додавајќи дека тој бил пренесен во болница каде им подлегнал на раните.

Првата шестнеделна фаза од договорот за прекин на огнот стапи на сила на 19 јануари, со што беше запрена израелската геноцидна војна во Појасот Газа, во која се уби9ени повеќе од 47.400 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 111.000, од 7 октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна во палестинската енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО: Три лица присилувале сопружници да им дадат 10 илјади долари – наводно синот должел пари!

Следно

Премиер лигата ќе ги казнува навредливите прослави на голови

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше

54,16 милиони денари промет на Македонската берза во изминатата недела

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 31.08–04.09.2026, вкупниот промет изнесуваше 54.155.109 денари: 41.448.016 денари со акции преку редовно тргување, 704.948 денари со
Go toTop