Прелиминарни резултати на изборите во Црна Гора – Движењето Европа сега со благо водство пред ДПС

June 11, 2023
1 min read

Првите прелиминарни резултати на предвремените парламентарни избори во Црна Гора, кои беа објавени од Центарот за мониторинг и истражување, покажуваат дека битката за „тронот“ се води помеѓу Движењето Европа сега, која ја предводи Милојко Спајиќ, и листата Заедно, предводена од Демократската партија на социјалистите на чие чело сега е Даниел Живковиќ

Според овие податоци, на пребројани 65,2% од гласовите, на прво место е листата на Европа сега со 25,5% од гласовите, односно 23 мандати. Веднаш зад нив е партијата ДПС со 23,4% од гласовите или 21 мандат.

Најголемата борба се води помеѓу овие две партии, а конечниот резултат би требало да биде познат во наредниот половина час. Овие избори се први за движењето Европа сега, додека, пак, ДПС на минатите избори освои 35 отсто од гласовите. Тогаш, носител на листата на ДПС беше поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ

Според прелиминарните резултати, листата „За иднината на Црна Гора“, чиј предводник е Демократски фронт, има 15,5% од гласовите, т. е. 14 мандати, а веднаш зад нив е листата на поранешниот премиер Дритан Абазовиќ – „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ со освоени 12,5%, односно 11 мандати.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Прелиминарни резултати на изборите во Црна Гора – Движењето „Европа сега“ со благо водство пред ДПС

Следно

Движењето Европа сега освои најмногу гласови на изборите во Црна Гора

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop