Прелиминарни резултати на изборите во Црна Гора – Движењето „Европа сега“ со благо водство пред ДПС

June 11, 2023
1 min read

Првите прелиминарни резултати на предвремените парламентарни избори во Црна Гора кои беа објавени од Центарот за мониторинг и истражување покажуваат дека битката за „тронот“ се води помеѓу Движењето „Европа сега“ која ја предводи Милојко Спајиќ и листата „Заедно“ на чие чело е Демократската партија на социјалистите на чие чело сега е Даниел Живковиќ

Според овие податоци, на пребројани 65,2% од гласовите, на прво место е листата на Европа сега со 25,5% од гласовите, односно 23 мандати. Веднаш зад нив е партијата ДПС со 23,4% од гласовите или 21 мандат.

Најголемата борба се води помеѓу овие две партии, а конечниот резултат би требало да биде познат во наредниот половина час. Овие избори се први за движењето Европа сега, додека пак ДПС на минатите избори освои 35 отсто од гласовите. Тогаш, носител на листата на ДПС беше поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ

Според прелиминарните резултати, листата „За иднината на Црна Гора“ чиј предводник е Демократски фронт има 15,5% од гласовите, т.е 14 мандати, а веднаш зад нив е листата на поранешниот премиер Дритан Абазовиќ – „Алекса и Дритан – Храбро се брои“ со освоени 12,5% односно 11 мандати.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Ѓоковиќ победи на „Ролан Гарос“ и дојде до рекордниот 23. Грен Слем пехар

Следно

Прелиминарни резултати на изборите во Црна Гора – Движењето Европа сега со благо водство пред ДПС

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop