Преку ЦУК побарана помош за заглавено лице во викендичка над кавадаречко Радња

December 18, 2023
1 min read

реклама


Преку Единствениот број за итни случаи 112 попладне во 15.05 часот во Центарот за управување со кризи (ЦУК) било добиено известување дека едно лице веќе четири дена е заглавено во неговата викендица во месноста „Гатеново“ над село Радња, кавадаречко, поради големи снежни наноси, и е останато без таблети за притисок и без храна, информираа вечерва од ЦУК.

Оттаму дополнуваат дека Регионалниот ЦУК Кавадарци во 15.10 часот контактирал со  зимската служба  и добиен е одговор дека  во текот на денот исконтактирано е со лице кое се наоѓа во месноста „Гатеново“ до селото Радња.

реклама

–  Од лице од зимската службата му е понудено  од таму со „четирицикл“ да го пренесат во Кавадарци.  Лицето од викендицата одбило да биде пренесено со „четирицикл“, бидејќи не знаело што да прави со неговите две кучиња. Во 15:35 часот е контактирано со градоначалникот Митко Јанчев и тој во 16:00 часот потврди дека  поради лошиот пат и има многу искршени гранки и дрвја од снегот на патот,  е ризично вечерва да испратат трактор во месноста „Гатеново“, појаснија од ЦУК.  

Од тие причини, било контактирано лицето и  договорено е утре во 06:45 часот по него да  тргнат со трактор со нож и моторна пила за сечење гранки.

реклама

 Со нив ќе биде и член од семејството на лицето кое е во местото „Гетеново“ за да  им го покаже патот, бидејќи, се работи за планински терен надвор од селото, каде што има само викендички со голема оддалеченост една од друга. Селото Радња е во центарот на мапата, над него повисоко била месноста „Гатеново“, каде што имало само викендички со голема оддалеченост една од друга, појаснуваат од ЦУК.  

Според информациите од  ЦУК Велес,  висината на снежната покривка изнесува  до 70 сантиметри во ридско – планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба за одржување на улици и патишта – Општина Кавадарци интервенирала со еден камион кон селата Рожден и Мајдан и патот до село Радња е непрооден.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест на коалицијата „Србија против насилството“, обвинуваат за изборна кражба и бараат поништување на изборите во Белград

Следно

Милошоски: Добро е да номинираме членови во техничката влада, не за да дадеме легитимитет на истата, туку да ги превенираме манипулациите на власта

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел
Go toTop