Пред пратениците утре новогодишно обраќање на Пендаровски

December 18, 2023
1 min read

реклама


Во Собранието утре ќе се одржи традиционалното новогодишно обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски, а доколку во Парламентот има кворум би можеле да се одржат продолженија на седници за кои има услови за тоа. За 22 декември е закажана редовна седница на која ќе започне дебатата за Буџетот за 2024 година, информирал денеска на средба со координаторите на пратеничките групи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Седницата за пратенички прашања, последна за оваа година ќе се одржи во четврток на 28 декември, а Собранието ќе работи до петок, 29 декември. Првата наредна ќе биде на 9 јануари 2024 година, а во текот на месецот ќе има најверојатно уште една нова седница. Потоа би следувала седницата за избор на техничката влада што треба да се случи на 28 јануари, а чиј премиер ќе биде Џафери.

реклама

Според информациите на МИА, Џафери на координацијата исто така информирал за процедурата за избор на член на Државната изборна комисија, што треба да се избере до со двотретинско мнозинство.

Претседателот на Собранието Џафери на 15 декември до претседателите на опозициските албански партии Изет Меџити, Африм Гаши, Биљал Касами, Арјанит Хоџа и Скендер Реџепи-Зејд го испрати Извештајот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со утврдената листа на кандидати за член на ДИК. Тие најдоцна до денеска до 16:30 треба писмено да му достават предлог за член на ДИК од доставената листа. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати од кои треба да се избере член на ДИК и тоа – Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.

реклама

На координацијата не присуствувале претставници на ВМРО-ДПМНЕ. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митровски: На обвинетите за грабнувањето на Вања им се ставаат многу сериозни кривични дела и многу е можно дел од осомничените да се обидат да избегнат одговорност за убиството, а да одговараат за условно речено полесно дело за грабнување

Следно

ГРАД СКОПЈЕ ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА НОВОПРОЕКТИРАНАТА УЛИЦА 1 ВО КАРПОШ 18.12.2023

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop