Повторно тензично во Парламентот на Албанија

December 14, 2023
2 mins read

ТИРАНА (АА) – Во Парламентот на Албанија и на денешната седница се случија тензии и инциденти откако пратениците од опозицијата ја блокираа пленарната седница на која беше планирано да се расправа за измените во Деловникот на Парламентот и за некои предлог-закони, јавува Анадолу.

Тензиите започнаа пред почетокот на седницата бидејќи пратениците од опозицијата, исклучени поради тензиите на претходните седници, се судрија со персоналот на албанската гарда откако се обидоа насилно да влезат во салата за пленарни седници, при што се оштетени и прозорците на главната врата на салата за пленарни седници.

Во моментов на сила е мерката 10 дена исклучување од учество на пленарна седница и собраниски комисии за 13 пратеници од опозицијата по тензиите на изминатите собраниски седници.

По отворањето на пленарната седница, опозициските пратеници од Демократската партија фрлаа факели во салата, спречувајќи ги пратениците да продолжат со дискусиите.

Седницата, која траеше 8 минути, ја затвори претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, а измените на собранискиот Деловник беа изгласани со 74 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан од вкупно 140 пратеници во албанскиот Парламент.

Измените на Деловникот на Парламентот на Албанија ги предложи владејачката партија, Социјалистичката партија на Албанија, по неодамнешните тензии на собраниските седници. Според одлуката за измените, во дисциплинските мерки „исклучување од учество во комисии или на пленарна седница“ од 10 дена, колку што беше, се зголемува на 30 дена или 60 дена.

Во изјавата за медиумите денес по седницата поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, кого Собранието го признава за пратеник надвор од пратеничките групи поради неодамнешните судири во Демократската партија, рече дека „опозицијата постигна целосен успех во својата мисија“.

„Ова е уништување на Парламентот. Во монистички систем опозицијата има само една мисија, издржливост, издржливост и само издржливост. Граѓанска непослушност“, рече Бериша.

Од друга страна, според одлуката на Уставниот суд на Албанија објавена на 13 декември, процесот за ратификација во Парламентот на „Протоколот меѓу Советот на министри на Република Албанија и Владата на Италија за зајакнување на соработката во областа на миграцијата“, закажано за денес, е прекинат.

Уставниот суд одлучи да го разгледа барањето на пратениците од опозицијата за споменатиот Протокол потпишан на 6 ноември 2023 година меѓу Албанија и Италија. Според пратениците од опозицијата, кои на 6 декември 2023 година до Уставниот суд поднесоа барање за контрола на уставноста на Протоколот, во однос на овој Протокол „имаше целосен недостиг на транспарентност“ и побараа и суспензија на процедурите за ратификација. Седницата на Уставниот суд по ова прашање ќе се одржи на 18 јануари 2024 година.

Последните пленарни и парламентарни седници на Парламентот на Албанија беа зафатени со тензии.

Пратениците од опозицијата потенцираа дека „опозицијата е решена со сите сили да ги брани своите уставни права со оваа битка во Парламентот“ бидејќи, според нив, не се почитуваат нивните права и не се одобруваат нивните иницијативи и барања.

Пратениците на Демократската партија на Албанија (ПД) и други пратеници од опозицијата претходно изјавија дека „Парламентот се претвори во лична институција на премиерот Еди Рама и на претседателката на Парламентот, Линдита Никола“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинците почнуваат да се чудат што гледа Зеленски што не гледаат тие

Следно

ЕУ се обидува да ја убеди Унгарија за прашањето за Украина

Latest from Blog

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва
Go toTop