Повеќе илјади новопазарци на протест во знак на поддршка на Палестина

November 3, 2023
1 min read

НОВИ ПАЗАР (АА)

Според процените на организаторот и од полициските извори на Нови Пазар, на синоќешниот протест и марш „За слобода, за мир, за Палестина“, во организација на здружението на жени „Ен-Ниса“, учествувале меѓу 15 и 20 илјади луѓе, известува Анадолу.

Претседателката на здружението „Ен-Ниса“, Азра Шемсовиќ, наведе дека собирот е организиран од потребата да му се покаже на светот дека иако е храброст да се застане на страната на доброто, на страната на вистината и на страната на правдата, може да каже дека има чест што граѓаните на Нови Пазар се храбри, поддржувачи на вистината и сочувствителни луѓе. Таа наведе дека толкав број луѓе се собрале само за да ѝ дадат поддршка на Газа, поддршка на Палестина, на Палестинците муслимани, на Палестинците христијани, да им дадат поддршка на живите и гласно да се каже дека убиените деца и цивили никогаш нема да бидат заборавени.

„Овој протест и марш што ги организиравме се само одраз на нашата тага за Газа. Едноставно не може само да седиме и да гледаме како Израел врши геноцид над недолжните цивили, жени, мажи и деца во Газа. Доколку веќе не можеме ништо друго, можеме барем да излеземе на улица и да ги покажеме незадоволството, грижата и желбата очигледниот геноцид да запре. Имам две деца и откога Израел тргна брутално да убива деца, бебиња, кога само ќе помислам дека моите деца не се безбедни само една ноќ, ми се крши срцето. Мислам дека сите оние што дојдоа вечерва во еден момент се ставиле во таа ситуација и ја почувствувале болката во своите гради. Знаете, ние сме народ што преживеа геноцид и можеби поради тоа дополнително чувствуваме толкава тага за народот што во моментов е во најтешка ситуација во светот. Со протестот сакаме да упатиме порака до сите меѓународни организации да не молчат пред очигледниот геноцид на Израел над Газа, да го запрат и да овозможат хумани услови за ранетите, старите лица, жените и децата. Да се укине окупацијата на Газа што трае со децении наназад. Сакаме мир во Газа, мир во Палестина и, конечно, ако даде Господ, и ние да го посетиме Кудс (Ерусалим) и да уживаме во убавините на Палестина која треба да им остане на Палестинците“, рече Шемсовиќ.

На собирот е упатена и дова (молитва) за народот на Палестина, емитувани се пораки за поддршка на Палестина, а на плоштадот биле изложени и потресни фотографии од разорувањата и убиствата во Газа изработени од фотографот Мотаз Азаиза.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: МВР го раскина договорот за чистење од 7,5 милиони евра – фирмата обвинува за „конкурентски и лични апетити“

Следно

Казахстан: Во Астана започна 10. Самит на Организацијата на туркиските земји

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop