Постои ризик Тетово да остане без вода за пиење – изворите на Лешница 10 пати позагадени од дозволеното ниво

November 6, 2023
1 min read

реклама


Постои ризик Тетово да остане без вода за пиење. Недостигот од дожд и снег од една страна, а од другата страна заматеноста на водата од изворите на Лешница, предизвикаа градот да има околу 140 литри вода во секунда помалку од потребното за да се задоволат барањата на градот. Изворите на Лешница се 10 пати позагадени од дозволеното ниво.

„Моментално нивото на загадување е 14, што е надвор од нормала, тоа е приближно 10 пати. Обврзани сме да ги исклучиме изворите на Лешница и сме обврзани да се снабдиме од старите извори кои реално се многу малку и има многу малку вода“, вели Лулзим Шаќири.

реклама

Активирани се и алтернативните извори велат од јавното претпријатие, но количината на вода и понатаму не е повеќе од 220 литри вода во секунда, нешто што предизвика чешмите во градот Тетово денеска да останат без вода.

„Имаме недостиг на околу 140 литри вода во секунда. Со исклучување на системот на Лешница од употреба, ние изгубивме 140 литри, а тоа е потребната количина за градот. Моментално имаме вкупно 220 литри од сите извори. Рестрикцијата е најтешката форма која треба да ја преземеме бидејќи се соочуваме со застарен систем и по секое запирање на водата се појавуваат големи дефекти, затоа и не ја запираме бидејќи за 10 часа од чистењето на системот губиме многу и затоа е нелогично. Најмногу ќе настрадаат горните делови на градот, или периферниот дел, иако се обидуваме да имаме снабдување барем да ги полниме резервоарите, но реално ќе настрада целиот град“, додаде Лулзим Шаќири.

реклама

Од друга страна, од општина Тетово пред две години најави физибилити студија за проект за долгорочно решавање на проблемот со водата, но до овој момент нема конкретен чекор во оваа насока.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети по повод жртвите од масакрот во Сопот – Мицкоски: Кога гледате национализам, да знаете дека се бира некој тендер

Следно

Мизрахи: Малверзациите во рамки на клиниката за Онкологија укажуваат на политички карцином на здравствениот систем

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop