Посетата на турскиот претседател Ердоган на Индонезија со широка медиумска покриеност

February 12, 2025
1 min read

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на главниот град на Индонезија, Џакарта, беше опсежно покриена од индонезиските медиуми, јавува Анадолу.

„Јава пост“, „Џакарта пост“ и „Антара“ обезбедија опширно покривање на официјалната посета на Ердоган, која се реализира вчера и денес (11 и 12 февруари).

Цитирајќи го индонезискиот заменик во претседателскиот секретаријат задолжен за протокол и односи со медиумите, Јусуф Пермана, „Јава пост“ објави дека „75 коњанички трупи, форма на благодарност од Индонезија“ по повод одбележувањето на 75-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји.

„Џакарта пост“ истакна дека Ердоган и неговиот индонезиски колега Прабово Субианто се сретнале и претседавале со првиот состанок на Советот за стратегиска соработка на високо ниво.

Посочувајќи дека меѓу двете земји се потпишани 13 договори, се наведува дека Ердоган е „клучен актер“ во меѓународните односи, вклучително и за прашањата поврзани за Блискиот Исток.

Анкара и Џакарта „може да предводат глобална кампања“ за воспоставување траен мир во Газа, се додава.

„Детик њуз“ го цитира Јусуф Пермана дека Субианто го пречекал Ердоган на воениот аеродром „Халим Перданакусума“ и го придружувал до хотелот како „израз на неговата почит кон претседателот Ердоган“.

„Антара“ го истакна тоа што Ердоган и Субианто заеднички делеле чадор на дождот.

Во неделата турскиот претседател Ердоган отпатува во четиридневна посета на Малезија, Индонезија и Пакистан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер – ова се деталите

Следно

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб 

Latest from Blog

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест

Северна Кореја е подготвена брзо да го спроведе својот седми нуклеарен тест, доколку врховниот лидер Ким Џонг Ун одлучи да го стори тоа, според извештајот на воената разузнавачка агенција на Јужна Кореја.
Go toTop