Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер – ова се деталите

February 12, 2025
1 min read

Тројца мажи се осудени од страна на судот во Германија за учество во обид за изнуда врз семејството на поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, јавиja локалните медиуми.

Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена за пари, судот го осуди на три години затвор за обид за изнуда.

Неговиот син доби условна казна од шест месеци за неговиот дел во шемата, додека поранешен чувар кој некогаш работел за семејството Шумахер доби двегодишна условна казна за помагање и поттикнување изнуда.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп рече дека заедно со Путин се согласиле да ги запрат крвопролевањата во руско-украинската војна

Следно

Посетата на турскиот претседател Ердоган на Индонезија со широка медиумска покриеност

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop