Поранешниот пакистански премиер Кан доби продолжување на кауцијата за седум случаи

1 min read

КАРАЧИ (АА) – Пакистанскиот суд денес му ја продолжи кауцијата на поранешниот премиер на земјата, Имран Кан, за седум одделни случаи за уште 10 дена, се вели во судскиот записник, јавува Анадолу.

Двочлениот совет при Високиот суд во Исламабад му наложи на Кан да се појави пред релевантните судови во наредните 10 дена и ѝ забрани на полицијата да го апси во наведениот период.

Судот му ја продолжи и кауцијата за случајот „Ал Кадир Траст“ за три дена.

Кан, заедно со својата сопруга Бушра Биби, се појави пред Националното биро за одговорност во случајот за корупција од 237 милиони долари, попознат како случај „Ал Кадир Траст“.

Кан (70), единствен премиер на земјата што е сменет со гласање за недоверба во 75-годишната политичка историја на Пакистан, се соочува со голем број случаи против него, од тероризам до обид за убиство и перење пари.

Поголем дел од случаите, кои Кан ги нарекува „вештачки“, се поднесени по неговото соборување.

Тој беше сменет од функцијата премиер откако Парламентот му изгласа недоверба во април минатата година.

Кан за своето соборување рече дека е заговор поддржан од Соединетите Американски Држави, тврдење што актуелната коалициска влада во Исламабад и Вашингтон континуирано го побиваа.

Тој за влакно избегна атентат додека водеше антивладин марш кон Исламабад минатиот ноември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО на неформален состанок во Норвешка

Следно

ГЕРБ и Продолжуваме со промените ги обновија преговорите за состав на редовна влада: Можно е Борисов да предложи експерти за министри

Latest from Blog