ГЕРБ и Продолжуваме со промените ги обновија преговорите за состав на редовна влада: Можно е Борисов да предложи експерти за министри

1 min read

Претходно, во саботата, ГЕРБ ги замрзна преговорите со ПП-ДБ по протечената снимка од состанокот на ПП и најави дека може да ги обнови, но под нови услови. Кандидатката за премиер од ГЕРБ, Марија Габриел, вчера изјави дека разговори може да има, „само ако се преиспитаат форматот, составот, личностите, моделот, принципите и довербата“. Следуваше сигнал од ПП-ДБ дека тоа не е исклучено

Партиите ГЕРБ и Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) ги обновија меѓусебните преговори за состав на редовна влада, јавуваат бугарските медиуми.

Претходно, во саботата, ГЕРБ ги замрзна преговорите со ПП-ДБ по протечената снимка од состанокот на ПП и најави дека може да ги обнови, но под нови услови. Кандидатката за премиер од ГЕРБ, Марија Габриел, вчера изјави дека разговори може да има, „само ако се преиспитаат форматот, составот, личностите, моделот, принципите и довербата“. Следуваше сигнал од ПП-ДБ дека тоа не е исклучено.

Затоплувањето на односите доаѓа откако обвинителството објави дека бара одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Градското обвинителство побара од главниот обвинител Иван Гешев да иницира одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов поради аферата „Барселонагејт“.

Случајот се однесува на куќа во Барселона во која живеела поранешната манекенка Борислава Јовчева. Од доказите може да се заклучи дека поранешниот премиер на трети лица им обезбедувал средства стекнати како резултат на сторено кривично дело закупување и закуп на недвижен имот во странство, посочуваат од градското обвинителство, пишува бугарскиот портал „Медиапул“.

Претставници на ГЕРБ и ПП-ДБ утрово се сретнале во кабинетот на претседателот на бугарскиот парламент Росен Желјазков и со часови разговарале за влада со втор мандат.

По три часа од почетокот на средбата, пред новинарите се обратил Николај Денков, кандидатот на ПП-ДБ за премиер, кој најавил дека со ГЕРБ се разговара за составот и структурата на кабинетот.

„Има два елементи. Еден е да се осигураме дека нема да има проблеми со администрацијата. Го подготвуваме соодветниот документ за да бидат мирни сите што се загрижени. А вториот, се разбира, е кадровската екипираност. Работиме на двата“,

изјавил тој.

Денков најавли дека „нема да има министри од ГЕРБ како министри од ГЕРБ“, но од неговите зборови се сфатило дека е можно да има експерти предложени од партијата на Бојко Борисов.

„Како предлог прифаќаме експерти од секаде. Можете и вие да ни предложите. Прашањето е кои се најдобрите луѓе за позициите“,

рекол тој како одговор на прашањето дали е можно во кабинетот да има експерти предложени од ГЕРБ.

Денков ги повикал медиумите да ги остават ПП-ДБ и ГЕРБ „да си ја завршат работата“.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Поранешниот пакистански премиер Кан доби продолжување на кауцијата за седум случаи

Следно

Канатларовски објави список за тестовите со Ерменија и Малта

Latest from Blog