Почина Бернард Хил, актерот познат по улогите во „Титаник“ и „Господар на прстените“.

1 min read

Почина наградуваниот британски актер Бернард Хил (79), познат по улогите во „Господарот на прстените“ и „Титаник“, потврди во неделата неговиот агент.

Агентот на Хил, Лу Кулсон, изјави дека актерот починал во раните утрински часови во неделата.

Хил го играше Теоден, кралот на Рохан, во фантастичната трилогија „Господарот на прстените“, и капетанот Едвард Смит во „Титаник“, хитот на Џејмс Камерон од 1997 година. Филмовите освоија 11 Оскари.

Актерот беше познат и по улогата на Јосер Хјуз во британската драма на Алан Блесдејл „Момци од црните работи“.

Пријателите, колегите и обожавателите го оплакуваат Хил на социјалните мрежи.

Извор: kurir.mk

Претходно

Роналдо ја игра својата најпродуктивна сезона на клупско ниво од 2016 година

Следно

Внимателно со храната: Како да спречите прејадување по Велигденскиот пост?

Latest from Blog