Поранешниот бразилски претседател Болсонаро побара шестмесечна туристичка виза во САД

January 31, 2023
1 min read

Болсонаро, кој пристигна во САД пред инаугурацијата на неговиот левичарски наследник Луис Инасио Лула да Силва, е под истрага во Бразил откако неговите поддржувачи упаднаа во клучните владини објекти на почетокот на овој месец

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро поднел барање за шестмесечна американска туристичка виза, изјави неговиот адвокат за Би-би-си. 

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро/Фото: EPA-EFE/Andre Borges

Болсонаро, кој од 30 декември се наоѓа на Флорида, планира да остане во САД додека службениците за емиграција не ја обработат неговата виза. 

„Тој посвети 34 години од својот живот во јавната служба и би сакал да одвои малку време“,

изјави неговиот адвокат Филипе Александре. 

Како што се претпоставува, поранешниот бразилски претседател првично влегол во САД со виза А-1 резервирана за дипломати и шефови на држави, која му истекува денеска, односно 30 дена по крајот на неговиот претседателски мандат.  

Во понеделникот, минатата недела, адвокатска фирма со седиште во Калифорнија, позната по својата работа со бразилски државјани, соопшти дека Болсонаро побарал шестмесечна виза за престој во САД.   

„Со нетрпение очекуваме да постигнеме највисоко ниво на задоволство и посакувани резултати за нашиот клиент“,

се вели во соопштението на АГ Имигрејшн груп (AG Immigration Group), пренесува Гардијан.

Поранешниот претседател се надева дека „ќе си ја разбистри главата и ќе ужива неколку месеци како турист во САД пред да одлучи кој ќе биде неговиот следен чекор“, рече Александре, кој работи за адвокатската фирма. 

Тој за британскиот национален сервис изјави дека американските службеници за имиграција минатиот петок ја примиле неговата апликација за туристичка виза Б1/Б2. 

Болсонаро, кој дојде во САД пред инаугурацијата на неговиот левичарски наследник Луис Инасио Лула да Силва, е под истрага во Бразил откако неговите поддржувачи упаднаа во клучните владини објекти на почетокот на овој месец. 

На 8 јануари, илјадници поддржувачи на поранешниот претседател ги нападнаа федералните згради во Бразилија по неговиот пораз на општите избори во 2022 година. 

Болсонаро се соочи со критики поради немирите во кои демонстрантите, поттикнати од неосновани тврдења за изборна измама, го пробија обезбедувањето и упаднаа во претседателската палата на Бразил, Конгресот и Врховниот суд. 

 Тој изрази „жалење“ за немирите, но негираше дека ги предизвикал. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ќе се задржи студено време- утре и од четврток СНЕГ

Следно

Променливо време со локални снежни врнежи

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop