Поради зголемениот број на случаи со морбили, отворени два пункта за вакцинација во Сараево

January 25, 2024
1 min read

Поради зголемениот број на заболени од сипаници (морбили), денеска во Сараево беа отворени два посебни пункта за вакцинација, каде во наредниот период ќе се врши вакцинација со МРП вакцината која штити од сипаници, заушки и рубеола.

Педијатарот Мубера Хасановиќ изјави дека вакцинацијата против заразни болести е единствениот начин за спречување на болеста и дека последиците може да бидат тешка клиничка слика.

-Сипаниците доаѓаат со тешка клиничка слика – многу висока температура која трае со денови, со лоша општа состојба, осип што се појавува дури на четвртиот или петтиот ден од болеста. Тогаш можеме само да кажеме дека тоа е сипаница. Болеста е многу сериозна, но може да се спречи и треба да го искористиме тоа што го имаме, а тоа е вакцинација, вели таа.

Министерот за здравство Енис Хасановиќ посочи дека досега имаат потврдено 11 случаи и се уште не се во фаза на епидемија.

-Едно дете е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести на КЦУС и денеска е отпуштено од лекување. Две други деца кои денеска беа примени имаат поблага клиничка слика, изјави министерот.

Како што рече, приоритет е да се спречи ширењето и да се вакцинираат што повеќе деца, затоа ги повика родителите масовно да реагираат и да ги вакцинираат своите деца.

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во последните 20 години е намален бројот на деца вакцинирани против мали сипаници. Според евиденцијата на организацијата, 74 отсто од децата во Босна и Херцеговина примиле втора доза од вакцината против морбили во 2000 година, додека во 2022 година биле евидентирани 60 отсто од вакцинираните.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турска амбасадорка именувана за специјална пратеничка на ОБСЕ за борба против интолеранција и исламофобија

Следно

Агелер: Немам сознанија дека има руско влијание во изборниот процес, но уверена сум дека е тука

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop