Поради градежни зафати, времено затворање на делницата Велес – Градско

January 31, 2024
1 min read

Поради поставување на заштитна мрежа на регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско , од 31.01 до 03.02.2024 година, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 16:30 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шеф на ЦИА: САД би направиле грешка од „историски размери“ ако запрат со подршката за Украина

Следно

Над 5 милијарди луѓе активно ги користат социјалните мрежи

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување
Go toTop