Поплави во Србија: Надојдените води однесоа мост на Западна Морава (ВИДЕО)

June 17, 2023
1 min read

Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина, рано утрово е целосно уништен пред налетот на новиот порој и обилните врнежи од дожд кои го зафатија цел Чачак.

-Тој мост беше нашата најблиска врска не само со градот, туку преку него преминавме и до нашите парцели, сега не знам како и што ќе правиме. До неодамна беше затворен за сообраќај бидејќи беше небезбеден за премин, поради истрошеност на потпорните столбови, а сега е целосно уништен – изјави за агенцијата РИНА Марко од Мрчајевац.

Одлуката за прекин на сообраќајот на овој мост е донесена на 7 ноември 2022 година.

Во општина Чачак поплавите стивнуваат, но сепак предизвикуваат големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита цела ноќ работеле на испумпување на водата на каналот за наводнување за да не се излее и да не се поплави населбата Кеј, пренесуваат српските медиуми, а kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Македонски автобус бил запрен непосредно пред да се урне мост на реката Западна Морава

Следно

Останувањето на Мбапе во ПСЖ стана национално прашање

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop