Полска не го покани Орбан на преземањето на претседателството со ЕУ

January 4, 2025
2 mins read

Официјална Варшава ја презеде палката за претседавање со ЕУ,  Кошта порача дека Полска е најдобрата приказна на проширувањето – Орбан не беше поканет на церемонијата. 

Премиерот Доналд Туск кој во следните 6 месеци ќе претседава со Советот на ЕУ, порача дека задачата на Полска ќе биде да ја направи Европа повторно силна.

– Ако Европа е немоќна, нема да опстане… Да направиме се за Европа и Полска да не мора да плаќаат највисока цена за слобода, за сила, за суверенитет. Да направиме се за да ја направиме Европа повторно силна. – Доналд Туск  премиер на Полска.

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, изјави дека има среќа што ќе ја започне својата функција рамо до рамо со Доналд Туск, кој претседаваше со Европскиот Совет 5 години. Порача дека одбраната на ЕУ мора да остане стратешки приоритет и најави дека на почетокот на февруари свикал неформален Самит на ЕУ, на кој се поканети и генералниот секретар на НАТО  и британскиот премиер.

– Полска е дефинитивно една од најголемите успешни приказни на проширувањето. Не се сомневам дека полското претседавање со Советот на Европската унија ќе докаже уште еднаш дека патриотизмот и европската интеграција се меѓусебно поврзани. Мотото на полското претседателство е: Безбедност, Европа! Нашата Унија се роди како проект за мир по Втората светска војна, и ние треба да ја зајакнеме, уште еднаш, нашата безбедност за да обезбедиме мир во Европа. Затоа, Украина мора да остане наш главен приоритет. – Антонио Кошта претседател на Европски совет.

Безбедност, Европа! – е мотото на Полска во следните 6 месеци. Одредени се седум приоритети или димензии – Одбрана и безбедност; Заштита на луѓето и границите;

Отпор кон странско мешање и дезинформации; Обезбедување безбедност и слобода на бизнисот; Енергетска транзиција; Конкурентно земјоделство; и Здравствена безбедност. Проширувањето го нема меѓу седумте цели, но го има во програмата на Полска: 

– Целта на полското претседателство е да постигне напредок во процесот на проширување, во исто време, со Истокот и во однос на Западен Балкан, во согласност со вклученоста на земјите кои се кандидати за влез во ЕУ и во  согласност со пристапот заснован на заслуги. Ќе се фокусираме на она што е потребно за да ја подготвиме ЕУ за нови членки, да ги исполниме амбициите изразени во Стратешката агенда и да ја одржиме јавната поддршка за европскиот проект. – Програма на Полско претседавање со ЕУ.

Полското 6месечно претседателство со ЕУ доаѓа веднаш по унгарското. И покрај тоа, Виктор Орбан не беше поканет на церемонијата во Варшава. Откако Будимпешта му даде азил на полскиот екс заменик-министер Романовски, кој е под истрага за злоупотреба на јавни средства, полските власти решија дека за Виктор Орбан, како и за унгарскиот амбасадор нема место во Големиот театар во Варшава. 

Претседавањето на Полска, пак, се случува во време на Доналд Туск , кој се смета за искусен европски политичар и беше на чело на Советот на ЕУ од 2014 до 2019 година, а потоа беше шеф и на Европската народна партија (ЕПП).Туск седна на премиерското столче во Полска на почетокот на декември, откако победи на парламентарните избори и по осум години ја симна од власт десничарската конзервативна влада на ПиС. Тогаш изјави дека никој во ЕУ не може да го надмудри.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето на убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски ја одбележа минатата година

Следно

Градоначалник на Крива Паланка, Митовски: Експресниот пат е од голема важност, граѓаните ги чувствуваат придобивките од политиките на СДСМ

Latest from Blog

ВЛЕН: Ги решаваме проблемите што ДУИ ги остави 20 години

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека протестот на студентите повторно ја разоткрил, како што велат, политиката на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека две децении оставала нерешени проблеми поврзани со употребата на албанскиот јазик. Од

Кина купува 200 авиони „Боинг“,

Договорот става крај на речиси децениската неофицијална забрана за продажба на авиони „Боинг“ на Кина, објави Си-Ен-Ен . Преговори за царинско и трговско примирје Кинеското Министерство за трговија соопшти дека САД и Кина преговараат

Македонски Концепт: Политиката на ДУИ нема иднина во Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ги осудува партиските протести на левичарската ДУИ, организирани по нарачка и за потребите на Белград Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански,

„МОРА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“ Ангела Меркел жестоко ја критикуваше Европа поради Украина, а го спомена и Трамп

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја критикуваше Европската Унија за тоа што не го искористи својот дипломатски потенцијал за да помогне во прекинувањето на руската инвазија на Украина, објави Политико. – Мислам

Осум од десет жени со рак во Македонија почнуваат лекување предоцна

Осум од десет жени во земјава го почнуваат лекувањето од рак во подоцнежна фаза на болеста, покажува ревизорскиот извештај за програмите за рана детекција и скрининг на малигни заболувања. „Наместо навремено откривање,
Go toTop