Политичка шега или мајтап со граѓаните: Арсовска објави фотографија на партија шах со Дедо Мраз

December 25, 2023
1 min read

Додека институциите ја чешлаат документацијата поврзана со украсувањето на Скопје и поставувањето на новогодишната елка, Арсовска на социјалните мрежи тера мајтап со граѓаните. Денес објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз.

Инспектори од Управата за финансиска полиција денеска влегле во Град Скопје за да проверат како е реализирано новогодишното украсување на главниот град, потврдуваат за МИА од Управата за финансиска полиција.

Од Управата за финансиска полиција не откриваат повеќе детали, нагласувајќи дека предистрагата е тајна и откако ќе заврши увидот, ќе излезат соодветни законски мерки.

„Имајќи предвид дека сите дејствија преземени во предистражната постапка, согласно член 289 од Законот за кривична постапка, се сметаат за тајна, за добиените пријави и сознанија на евентуално сторени инкриминирани дејствија од страна на одговорни лица, Управата за финансиска полиција ќе достави соодветен писмен поднесок до надлежниот Јавен обвинител“, велат од Управата за финансиска полиција.

Во меѓувреме градоначалничката Данела Арсовска, на својот Фејсбук профил објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз во, како што напиша, „исчекување на резултатите од истрагата за елката“.

По забелешките во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека не е објавен тендер, од Град Скопје излегоа со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој бил објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици.

„Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно презентирано на јавноста. Оттука, секоја друга останата „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулации“, информираа од Град Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска информираше дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

Претходно, од Основното јавното обвинителство посочија дека доколку не оформи предмет Управата за финансиска полиција, во чија надлежност е следењето како се трошат народните пари, тогаш тие ќе го сторат тоа.

Овој увид доаѓа по бројните реакции во јавноста за новогодишното украсување во главниот град бидејќи не е објавен тендер.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стејт департментoт за протестите во Белград: Насилството е неприфатливо

Следно

Ковачевски за укинувањето на „Десна“: Надлежните за санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија, веднаш да си ја завршат работата

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop