Ковачевски за укинувањето на „Десна“: Надлежните за санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија, веднаш да си ја завршат работата

December 25, 2023
1 min read

реклама


Сите институции кои треба да постапуваат во делот на санкционирање, па и дерегистрација на вакви здруженија со политички предзнак, треба веднаш да си ја завршат својата работа, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање до каде е постапката за укинување на партијата „Десна“, предводена Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Според Ковачевски, информацијата за тоа до каде е укинувањето на „Десна“, треба да се провери во Министерството за правда, МВР и Собранието. 

реклама

Како што оцени премиерот, се работи за антимакдеонска партија која претставува класично злосторничко здружување.

-Таа информација ќе мора да ја провериме во Министерството за правда, МВР, Собранието, законските решенија за дерегистрација на партии, но, де факто и де јуре се работи за антимакдеонска партија која претставува класично злосторничко здружување чии членови, прво, не само што починија грозоморно убиство на чело со претседателот на партијата, туку и во изминатиот период учествуваа заедно со другите опозициски партии во организирањето на најголемите нереди во државата. Во јуни и јули лани кој мене ми поставуваше гилотина пред Собрание, кој ми правеше јавно судење пред Владата, кој фрлаше молотови коктели на МНР, кој од моето малолетно дете правеше недолични видеа на Тик-ток? Тоа го правеа тие луѓе, но прашањето е друго, кој беше со нив? Со нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Левица, член на Државна комисија за спречување дискриминација, претседатели на други политички партии, а имаше и една претседателка на партија која правеше драми и хистерии дека ќе сме биле бугаризирани и асимилирани за по неколку месеци нејзиниот син биде избран во Софија, во Градското собрание. Немам против да биде избран секаде, но не може на тој начин да се прави хистерија и да се подгрева лажен патритоизам и квази национализам во Северна Македонија, рече Ковачевски.

реклама

Доста му е на овој народ, дополни, и од лажен патриотизам и од квази национализам.

-Овој народ сака да оди 100 години напред, а не некој да го враќа 2 300 години назад, во антиквизации, во кавги со соседите и во кавги на етничка сонова во државата, подвлече Ковачевски.

реклама

Во врска, пак, со истрагата на Финансиската полиција која денеска влегла во Град Скопје, тој рече дека не сака коментира.

-Како премиер, не се мешам во истражни активности на која било институција, вклучително и на Финансиската полиција. Тие постапуваат врз основа на своите законски надлежности и врз основа на информации што им се достапни. Откако ќе завршат со своите постапки, ќе и соопштат на јавноста до какви сознанија имаат дојдено. Но, не можам да коментирам истражни постапки, рече Ковачевски. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Политичка шега или мајтап со граѓаните: Арсовска објави фотографија на партија шах со Дедо Мраз

Следно

Нетанјаху: Немаме друг избор освен да продолжиме да се бориме

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop