Стејт департментoт за протестите во Белград: Насилството е неприфатливо

December 25, 2023
1 min read

Оттаму велат дека наводите за нерегуларности, пријавени од ОДИХР и други тимови за набљудување на изборите треба да бидат истражени

Американскиот Стејт департмент ги повика властите во Србија да соработуваат со мисијата на ОБСЕ во истрагата за наводите за изборни нерегуларности, нагласувајќи дека насилството врз новинарите, набљудувачите и изборните службеници е неприфатливо, пренесуваат српските медиуми.

Stejt-department-izvestaj

Оттаму потенцираат и дека легитимноста на демократските процеси зависат од транспарентноста и подготвеноста на сите учесници да ја прифатат изборната волја.

„Фокусирани сме на соработката со Србија за зајакнување на демократската влада и владеењето на правото, подобрување на регионалната соработка, продолжување на економскиот раст и забрзување на напредокот на Србија на патот кон членство во Европската унија. Иднината на Србија е на Запад“,

се вели во писмениот одговор на Стејт департментот на прашањето на Гласот на Америка за новите протести во Белград кои во неделата станаа насилни.

Во соопштението повторно се поздравуваат прелиминарните заклучоци на набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите на 17 декември им понудиле на гласачите избор на политички алтернативи.

„Со загриженост ги забележуваме наодите на ОДИХР дека изборите беа нарушени со бројни процедурални пропусти, притисоци врз јавните службеници и злоупотреба на јавните ресурси и дека овие фактори, заедно со системските предности на владејачката партија, создадоа нефер услови. Соединетите Држави ја повикуваат Србија тесно да соработува со ОБСЕ за да ги реши овие состојби“,

се вели во соопштението на Стејт департментот.

Стејт департментот вели дека наводите за нерегуларности, пријавени од ОДИХР и други тимови за набљудување на изборите треба да бидат истражени.

„Насилството насочено кон изборните органи, новинарите и акредитираните набљудувачи е неприфатливо. Партиите треба да пријават инциденти на изборни нерегуларности преку соодветни правни канали. Легитимноста на демократските процеси зависи од транспарентноста и од подготвеноста на сите страни, без разлика дали ќе победат или изгубат, да ја почитуваат волјата на народот изразена во гласањето“,

се заклучува во одговорот на Стејт департментот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пендаровски ќе им додели Орден за заслуги на Тодоровски, Ангеловски и Мјаку, Медал за заслуги на Огњановски, Тодоров и Каров и Повелба за Албанскиот театар

Следно

Политичка шега или мајтап со граѓаните: Арсовска објави фотографија на партија шах со Дедо Мраз

Latest from Blog

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. „Нашиот став е непроменет: само украинскиот

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Финалниот натпревар

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект
Go toTop