Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста

September 18, 2025
1 min read

Во светот на модата и облеката во 21. век, полиестерот е неизбежен – од спортска до секојдневна облека. Сепак, најчестиот синтетички материјал може да има сериозно влијание врз човековото хормонално здравје. Иако самиот полиестер не е директен нарушувач и причинител на проблеми со ендокриниот систем, хемикалиите што се користат во неговото производство и преработка може да имаат сериозно влијание. Затоа, се вели, полиестерот може да делува и како „скриена контрацепција“ т.е. да влијае лошо на плодноста и репродуктивните функции, пишува „Гардијан“.

Ендокрините нарушувачи можат да ги имитираат и блокираат природните хормони во телото, што може да доведе до разни здравствени проблеми. Познато е, на пр. дека хемикалијата „Бисфенол А“ (БПА) го имитира естрогенот, и така влијае на репродуктивната функција и развој. Иако директната врска меѓу носењето облека од полиестер и хормоналните нарушувања кај луѓето сè уште се истражува, постојат докази и показатели дека долготрајната изложеност на овие супстанции може да има негативни ефекти врз човековиот хормонален систем.

На оваа тема се осврнале бројни истражувачи и организации. Во поново време, истражување од 2023 година на американскиот Центар за здравје во животната средина (ЦЕХ) открила високи нивоа на БПА во чорапи, спортски градници и маички од полиестер.

За време на производството на полиестер, се користат и други хемикалии-нарушувачи, на пр., антимонот којшто се користи како катализатор во производството на ПЕТ (полиетилен терефталат). Тој може да се насобере во готовите ткаенини. Иако нема директен естрогенски ефект, антимонот може да предизвика оксидативен стрес, објави „Сајенс-дајрект“.

БПА, перфлуороалкилните супстанции (ПФАС) и фталатите се пренесуваат од ткаенината на кожата – особено при потење или триење, и тоа реално може да предизвика хормонални нарушувања, пишува „Орбејзикс“.

Како да се заштитите?

Изберете природни материјали: Во памукот, ленот или волната има помала веројатност да содржи штетни хемикалии. Проверете ги сертификатите: облеката со сертификати како што се „Глобалниот стандард за органски текстил“ (ГОТС) или „ОЕКО-ТЕКС стандард 100“ коишто гарантираат дека производот не содржи штетни хемикалии.

Последен совет: Исперете ја новата облека пред да ја облечете првпат. Ова може да помогне во намалувањето на изложеноста на хемикалии што може да се ослободат од ткаенината.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Меџити: Во срцето на Чаир ќе има Територијална противпожарна станица

Следно

Зеленски потпиша закон за 100-годишно партнерство со Велика Британија

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop