Меџити: Во срцето на Чаир ќе има Територијална противпожарна станица

September 18, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити, денеска го претстави еден од најважните проекти за јавната безбедност на граѓаните, изградбата на Територијалната противпожарна станица во срцето на оваа општина, стои во соопштението на Коалиција ВРЕДИ.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека овој проект не е луксуз, туку животна потреба, со цел справување со сè почестите ризици од пожари, како во летниот, така и во зимскиот период.

„Брзата интервенција спасува животи. Оваа станица не е само инфраструктурен проект, туку директна инвестиција во животот и благосостојбата на нашите граѓани“, изјави Меџити.

Проектот опфаќа модерен објект со површина од 750 м², 3 противпожарни возила опремени за интервенции на секаков терен, како и 12 професионални пожарникари, обучени и подготвени да реагираат во секоја итна ситуација.

„Секогаш сме имале тивки херои, пожарникарите кои го ризикувале својот живот за да ги спасат другите,“ додаде Меџити.

Меџити упати и посебна благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир, кое со години претставува хуман столб на безбедноста, не само во Чаир, туку и пошироко.

Оваа станица ќе претставува уште еден камен во мозаикот на јавната безбедност во Чаир и ќе има директно влијание врз намалување на материјалната штета и спасување на човечки животи.

„Чаир заслужува модерна инфраструктура, ефикасни услуги и безбедност. Оваа станица значи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема институционална одговорност.

Имаме искуство и капацитет да го реализираме овој проект и ќе го направиме тоа заедно со граѓаните, професионалците и нашите институционални партнери“, заклучи тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Песните на мајките оживуваат“ – заборавените македонски текстови повторно се слушаат

Следно

Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop