„Поетроника“ на Митковски и Салпе е создаден со голема љубов и искреност

June 2, 2023
4 mins read

На 8 јуни на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде промовиран „Поетроника“, проект на актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе. Станува збор за повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо.

Во разговор за „Република“ Митковски и Салпе велат дека „Поетроника“ е создаден со голема љубов и искреност.

Митковски вели дека гледачите на 8 јуни ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко – сценски акт. Според него целиот продукт има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.

Во најавата за „Поетроника“ се вели дека овој перформанс е резултат на Вашата посветеност и повеќенаменско експериментирање. Што ќе може да видат гледачите на МНТ? Како е замислен перформансот?

Оливер: Целиот овој проект е резултат на една синергија, која некако спонтано и сосема логично се појави по пат на интензивно дружење. Самиот факт што не можам да се сетам кога точно започна, зборува во некоја рака за самата посветеност, за релативноста на одвоеното време и со колкава љубов и искреност е создаден. Финалниот перформанс, исто како и името, изборот на песни и се останато, се случија попатно. Бевме прилично систематични во смисла на опфаќање на сите аспекти при изборот на поезијата, и секако, на самото творештво, па во некои случаи  и животот на избраните поети.

Андреја: Би рекол целиот проект е значаен на повеќе нивоа, како од музички, така и од книжевен аспект, бидејќи со самиот третман на македонската поезија, која патем ја лишивме од патетика, и начинот на изведување на електронската музика се создаде уникатен продукт сам по себе, кој е во духот на современиот човек денес.

Оливер: Во таа смисла сметам дека не е толку важен самиот перформанс. Верувам, дека гледачите ќе присуствуваат на исклучително топол, пријатен, едноставно убав, редок и во многу нешта автентичен музичко – сценски акт, но целиот продукт мислам дека има далеку поголемо културолошко значење за овој простор и ова време.

Дали е планирано „Поетроника“ да оди на редовен репертоар на МНТ? Имате ли во план гостувања?

Андреја: Она што е сигурно е настап на „Крај Вардарот џез” следната година, фестивал кој е во организација на издавачката куќа ПМГ Џез, каде всушност ќе излезе и албумот „Поетроника”. Исто така, има најави за некаков вид концерти оваа есен, но би напоменал дека не бркаме некаков квантитет, напротив.

Оливер: Што се однесува до МНТ тоа зависи од многу други околности, но што и да се случи сакам да нагласам дека МНТ е единствената институција која не само што го поддржа, туку ги понуди и сите свои човечки и технички ресурси и со тоа овозможи на најдостоинствен начин овој проект да има своа промоција. Колку и да ми е познат вредносниот систем на просечниот Македонец, сепак, за мене е фасцинантен фактот што од неколку наши големи компании не само што бевме одбиени за минимални средства неопходни за техника неопходна за настап во живо, туку по нивните задоцнети одговори или изговори можеше да се види комплетно отсуство на интерес за нешто поинакво и сенс за нешто попрефинето. Или, да се изразам со фраза од еден поет опфатен во нашата поетска компилација, „крцка од застоеност”.

Бевме доста систематични при изборот на песни, пред сè баравме наше лично интимно поврзување: Aктерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе

Кои македонски поети се застапени? Кои се вашите омилени песни од македонските поети? Дали успеавте да ги вклопите во оној музички жанр кој го замисливте (амбиент, електорника, џезелементи) или пак имаше некое изненадување?

Андреја: Целиот процес започна со „Псалм за m-lle Liili” од Ацо Караманов, едноставно од секогаш ми бил симпатичен ставот и позицијата од која пишува и ѝ се обраќа на Лили, па така сакав да направам некаква музичка форма за тој текст. Реално, се изненадивме од тоа, кај сè може да одиме, притоа музиката да не биде само подлога за нарацијата или обратно, туку тоа да биде кохезија од самиот текст, музиката и начинот на интерпретација. Оттука, стана непредвидливо и сосем неважно каков музички жанр ќе добиеме. Па, се втурнавме копајќи македонска поезија и попатно дознавме доста интересни и специфични информации.

Оливер: Секако дека секој текст се вклопи во музичкиот контекст затоа што беа работени паралелно. Со оглед на тоа што веројатно нема да имаме можност на самиот перформанс во живо, би сакал сега да му оддадам почит на еден извонреден не само поет туку мултимедијален уметник кој почина во периодов на создавање на Поетроника, Марко Петрушевски. Иако не го познававме лично, неговото луцидно и со извонреден смисол за хумор творештво, изврши огромен импакт врз финалниот облик на овој проект. Во неколку наврати обидуваќи се да снимиме материјал инспириран од негови песни на крајот успевавме да снимиме други. На овој начин снимивме можеби пола албум. На крајот само констатиравме дека неговиот специфичен начин на изразување е толку симпатичен, искрен и уникатен што претставува сам по себе уметничко дело.

Дали „Поетроника“ е пркос кон се она што ни се случува, посебно во јазикот, идентитетот, културата? Напад е или одбрана?

Оливер: Поетроника е премногу интимно и емотивно дело за да биде атак кон нешто или некого.

Андреја: Тука би додал дека целиот албум се бави со универзалните човекови проблематики, соодветствувајќи со современиот човек денес, кој има културолошка компетенција. Може да гледате и дека моменталните политички случувања се универзални проблеми на Македонецот низ времето. Но, бевме доста систематични при изборот на песни, пред сè баравме наше лично интимно поврзување.

Оливер: Создадено е како резултат на перспективата и светогледот на македонските поетски творци, хронологијата и развојот на нивната мисла и тоа секако значи одбрана на нашиот културен идентитет. Во самата своја суштина, „Поетроника” се однесува генерално на човекот како битие, на смисолот на неговото постоење и на неговата макотрпна потрага по смисол.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Најмалку 50 лица загинаа, а над 300 се повредени во железничка несреќа во Индија

Следно

Лидерска средба: Мицкоски е за разговор во четири очи со Ковачевски

Latest from Blog

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира поради инаетот на Арсовска, Владата, бидејќи е прогласена вонредна состојба, има мерки, има инструменти да го да го реши овој проблем, со тоа што ќе им

Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор

Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, пренесува Индекс. Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, кое

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во новото раководство на СДСМ има само верни слуги на Заев

ВМРО-ДПМНЕ со критика за новата структура на раководството на СДСМ. Според нив изборот на новите потпретседатели и функционери во СДСМ е само продолжување на политиката на поранешниот премиер Зоран Заев. Извор: 24vesti.mk

Турскиот претседател Ердоган во Анкара го пречека султанот на Оман, Ал Саид

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес со официјална церемонија го пречека султанот на Оман, Хајтам бин Тарик ал Саид, во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара, јавува Анадолу. Посетата
Go toTop