Арсими и Тиквеш ремизираа 1-1 во последниот натпревар од десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига. Така, комплетирано е необичното коло во кое не победи ниеден домашен тим, а ако попладнево победеа кавадарчани во Гостивар, ова ќе беше историско коло со победи на гостите на сите мечеви во едно коло.
Голот за Тиквеш го постигна Нфанли Сила кој сега со 8 голови е прв стрелец во нашето првенство (Горан Закариќ од Вардар е втор со 7 голови). Тиквеш има пет ремија и само еден пораз во десет меча, додека Арсими веќе шест кола по ред не знае за победа.
Извор: sportmanija.mk

