Лидерска средба: Мицкоски е за разговор во четири очи со Ковачевски

June 2, 2023
1 min read

Средба во тимови е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и, практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно на следната лидерска средба да излеземе со некаков заклучок – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, инсистира евентуалната лидерска средба да биде во формат „еден на еден“. Гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, Мицкоски рече дека би било добро средбата да биде во таков формат, а не во формат на тимови, бидејќи претходно искуство му покажува дека во таков широк состав никогаш не се носеле заклучоци.

Од гостувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат

„Средба во тимови е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и, практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно на следната лидерска средба да излеземе со некаков заклучок“,

рече Мицкоски.

Тој соопшти дека до овој момент нема официјална покана за средба од страна на организаторот, но доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот на Мицкоски е прво да се организира средба помеѓу тимовите, да се видат позициите, па дури потоа да се сретнат претседателите на партиите.

Според него, на евентуалната средба постојат две опции за кои би требало да се разговара – едната е таа што ја застапува владата на премиерот Ковачевски, односно влегување на процесот за уставни измени во Собранието и нејзиниот евентуален успех, а втората опција е што доколку не успеат уставните измени, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ отворено кажува дека нема да го поддржи овој процес.

„Како одговорни луѓе кои треба во овие одлучувачки моменти за државата да носат одлуки што ќе значат иднина за Македонија, треба да ги разгледуваме и двете опции и да донесеме заклучок – се знае сценариото ако успее што ќе се случува, но да видиме што ќе се случува и за втората опција – ако не успее“,

кажа Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Поетроника“ на Митковски и Салпе е создаден со голема љубов и искреност

Следно

Вучиќ: Сите на Запад знаат дека Курти е виновен за ескалацијата на северот на Косово, но ние немаме ништо од тоа

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop