Флик: Подготвени сме за ПСЖ, ова е можност да покажеме колку вредиме

October 19, 2026
1 min read

Барселона ја очекува голем предизвик во Лигата на шампионите, гостувањето кај Пари Сен Жермен во третото коло од главната фаза. Каталонскиот тим пристигнува во Париз во одлична форма, со 11 победи на исто толку натпревари од почетокот на сезоната, а тренерот Ханси Флик верува дека неговите фудбалери се подготвени за дуелот со актуелниот европски шампион.

Натпреварот ќе се одигра утревечер на „Паркот на принцовите“, а германскиот стратег очекува тежок тест против екипа која во последните две години покажа дека е меѓу најдобрите во светот.

„ПСЖ израсна како тим во последните години. Она што го постигна е импресивно. На последниот натпревар успеа да направи пресврт за само неколку минути, што покажува колкав квалитет поседува. Имаат фантастични фудбалери и на клупата“, изјави Флик.

Тренерот на Барселона нагласи дека неговиот тим со самодоверба го очекува дуелот и дека минатогодишниот пораз од парижаните не влијае врз подготовките за новата пресметка.

„Оваа сезона од самиот почеток играме онака како што сакаме. Имаме самодоверба и ја контролираме топката. Подготвени сме и ова е одлична можност да покажеме колку сме добри“, истакна германскиот стручњак.

Флик потврди дека Рафиња ќе биде во стартниот состав, додека во одбраната ќе мора да најде решение поради проблемите со играчкиот кадар. Како можни опции ги посочи Френки де Јонг и младиот Алекс Кампос, а се надева дека Жил Кунде ќе биде подготвен за претстојниот викенд.

„Средниот ред ќе биде многу важен бидејќи двата тима имаат одлични фудбалери во таа зона. Мораме да избегнуваме грешки, затоа што ПСЖ е исклучително прецизен тим и ќе ни биде потребна максимална концентрација“, објасни Флик.

Тој имаше пофални зборови и за тренерот на францускиот тим, Луис Енрике, истакнувајќи го интензитетот во играта, пресингот и тактичката флексибилност на неговата екипа.

„Луис Енрике е еден од најдобрите тренери во светот. Неговиот тим игра фантастичен фудбал, а ми се допаѓа начинот на кој играчите ги менуваат позициите и функционираат во системот“, рече тренерот на Барселона.

Каталонците во Париз ќе се обидат да ја продолжат победничката серија, а за Флик овој натпревар е и можност да стигне до 100-та победа на клупата на Барселона. Германецот е задоволен од формата на своите фудбалери и атмосферата во соблекувалната, верувајќи дека тимот може да одговори на предизвикот против европскиот шампион.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop