„Подобро со социјална помош отколку со работа“ – Социолог: Се злоупотребува, примаат помош и работат на црно

October 30, 2023
1 min read

реклама


Многу граѓани во Македонија живеат со социјална помош, а Скопје е град со најмногу граѓани кои примаат ваква помош. Според истражувањата на ИДЕА, три општини со најмногу приматели на социјална помош во 2021 биле Шуто Оризаре со 2,189 приматели (22.71% од целиот скопски регион), општина Чаир со 2,027 приматели (20.94% од целиот скопски регион) и општина Сарај со 1,055 приматели (10.90%).

Само овие три општини сочинуваат 54% од вкупниот број приматели на социјална помош во скопскиот регион, а заедно со општина Студеничани сочинуваат 64% од вкупниот број приматели.

реклама

Од друга страна, 3 општини со најмал број приматели на социјална помош се Зелениково со 55 приматели, Илинден со 71 примател и Сопиште со 74.

Зошто е бројот олку голем? Социологот Лиман Алији вели дека повеќето ја злоупотребуваат, примаат помош а работат на црно.

реклама

„Кај албанската заедница недостига свеста кај луѓето кои работат, примаат за да работат во неколку фирми, а не ги пријавуваат како вработени во тие претпријатија, а всушност се лица кои работат на црно или работат со половина работно време. Треба да се подигне нивото на свеста кај работодавците да не примаат луѓе без да ги пријават како лица кои работат кај нив“, вели Лиман Алији.

Според статистиките на Агенцијата за вработување, до 31.07.2023 евидентирани се 105.948 невработени лица. Во Скопје има најмногу невработени, околу 22.007 лица вкупно, од нив 12.603 се Албанци.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со владиката Јован – имам неизлечива болест, но не се пензионирам

Следно

Жена повредена во сообраќајка во центарот на Скопје

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop