Поднесено обвинение против 10 лица за криумчарење луксузни автомобили

January 3, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за обезбедување докази и поднесе обвинение против вкупно десет лица осомничени дека учествувале во дејствија на криумчарење на луксузни автомобили, како и фалсификување службени и други исправи, информираат од Обвинителството.

Во текот на 2021 и 2022 година, тие со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во земјава автомобили кои биле предмет на меѓународна потрага, како и автомобили за кои на друг начин ја избегнувале царинската контрола.

Двајца од обвинетите се службени лица – референти од Одделението за управни работи во МВР, кои ја овозможувале постапката за регистрација на возилата во државава, иако знаеле дека се криумчарени.

Еден дел од возилата по неколкупати меѓусебно си ги препродавале за да го прикријат криумчарењето, по што ги отуѓувале на крајни корисници.

Во овие активности бил вклучен и 11-тиот осомничен, државјанин на Република Грција, за кого кривичниот прогон ќе биде отстапен грчките органи.

Заедно со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за четворица од обвинетите.

По едно лице се трага со веќе распишана меѓународна потерница поради неговата инволвираност во друг сличен предмет со криумчарење луксузни возила кој го водеше Основното јавно обвинителство Скопје.

За еден обвинет на сила се мерки на претпазливост.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесено обвинение против 11 лица за криумчарење луксузни автомобили

Следно

„Анима Мунди“ прашува дали Сашо Дранго има забрана за користење оружје

Latest from Blog

Роналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за понеделник,

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој
Go toTop