Подготвена е иницијативата за конфискација на дивоградбите, вели Герасимовски

March 31, 2023
1 min read

Подготвена е иницијативата за конфискација на дивоградбите, бидејќи во моментов нема законска можност тоа да се направи, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во Студио 10 на Телевизија 24. 

Герасимовски напомена дека во општината има неколку бесправни објекти чие уривање бара преголеми средства кои општината ги нема.

-Со динамит ќе се срушат потпорните ѕидови на бесправните објекти но ќе остане грда слика, за да се отстрани само една градба чини многу. Затоа подготвивме иницијатива до ЗЕЛС за да бараме начин и измена на законите, бидејќи сега немаме законска можност за конфискација. Верувам дека иницијативата едногласно ќе биде усвоена за да бараме законски регулативи и измени за да таквите објекти бидат конфискувани од државата и се искористат за друга намена од која полза ќе имаат граѓаните, вели Герасимовски.

Тој напомена дека само за една градба на Водно потребни се пет милиони денари за уривање, но само онеспособување, а нецелосно отстранување на нелегалниот објект. Затоа, како што рече, со оваа иницијатива ќе се штеди буџетот на општината но и ќе се добијат нови објекти кои може понатаму да бидат пренаменети за различни цели.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Што е познато за Трамп и порноактерката поради која доби обвинение

Следно

Министрите за надворешни работи на Туркије и Финска разговараа телефонски

Latest from Blog

Меџити: Полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа поради сомнеж дека Груевски можел да го користи за бегство

Скопје, 3 септември 2025 – Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе нова сериозна обвинение против претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за

Коњановски ги слуша битолчани: Идеите за поубава општина

Битола, 3 септември 2025 – Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средби со жителите на населбата Карпош, од урбаните заедници Тодор Ангелевски и Естреа Овадија Мара. Преку кампањата „Предложи идеја“,

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар
Go toTop