Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

September 3, 2025
1 min read

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори.

За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар Јованоски, за Крива Паланка Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше Омер Јакупоски, за Кривогаштани Сашо Ронковски, за Шуто Оризари Ерџан Демир, за Крушево Нико Чонески, за Валандово Ѓоко Камчев, за Виница Митко Костадиновски, за Демир Хисар Никола Недоски, за Чешиново Облешево Јордан Костадинов, за Радовиш Љупчо Почиганец, за Чашка Дејан Андоновски, за Прилеп Дејан Проданоски, за Струмица Петар Јанков, за Неготино Благој Ацев. За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, се уште траат анкетите и во најбрзо време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат.

-Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.

Извршниот комитет, како што кажа, врз основа на внатрепартиските анализи и сондажи заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ оди на уште една историска победа на претстојните локалните избори.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се породи српската пејачка Александра Пријовиќ

Следно

Коњановски ги слуша битолчани: Идеите за поубава општина

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop