Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје

October 13, 2025
1 min read

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.      

На првиот ден од овогодишната петта по ред западнобалканска турнеја, Фон дер Лајен денеска во Тирана ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.  

Попладнево Фон дер Лајен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со црногорскиот претседател Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ, а утре ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.  

Од Тиват, Фон дер Лајен утре ќе замине за Сараево на средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница. 

Фон дер Лајен од БиХ ќе отпатува за Белград, каде в среда претпладне ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Албин Курти.  

Од Приштина, Фон дер Лакен в среда попладне ќе допатува во Скопје, кое ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.    

Европската комисија соопшти дека оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.  

Оваа петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лајен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската Унија. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Трамп ми кажа дека ќе го сопре Путин пред да се постигне прекин на огнот на Блискиот исток

Следно

Зошто зафатените луѓе се секогаш попривлечни? Постои објаснување

Latest from Blog

Со торпедо е погодена иранска фрегата- 80 загинати, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес на прес-конференција изјави дека американска подморница потопила ирански воен брод „кој мислел дека е безбеден во меѓународни води“. Хегсет рече дека бродот бил „потопен

Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести. -Меѓу позначајните новини кои се

Битола ја продолжува ракометната приказна: Општината и РК „Еурофарм Пелистер“ ја обновија платформата за соработка

Општина Битола и Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ ја продолжуваат заедничката платформа за развој на ракометот во градот. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на клубот, Зоран Стерјев, денеска ставија потписи на

Слот: Шансите се тука но не ги реализираме

Тимот на Ливерпул доживеа уште едно големо разочарување вчера откако во рамките од 29. коло од Премиер лигата загуби со 2:1 од тимот на Вулверхемптон. Ситуацијата во таборот на „Редси“ е алармантна,
Go toTop