Битола ја продолжува ракометната приказна: Општината и РК „Еурофарм Пелистер“ ја обновија платформата за соработка

March 4, 2026
1 min read

Општина Битола и Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ ја продолжуваат заедничката платформа за развој на ракометот во градот. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на клубот, Зоран Стерјев, денеска ставија потписи на нов договор со кој се продолжува соработката и поддршката за ракометната гордост на градот.

При потпишувањето на договорот, градоначалникот Коњановски истакна дека продолжувањето на платформата претставува голема чест и задоволство, нагласувајќи дека во изминатите шест години таа била продолжувана во три наврати и донела значајни резултати.

„Отвараме нов период на обострано задоволство. Јас секогаш потенцирам дека ова треба да биде мотив како спортот, бизнисот и градот можат да функционираат заедно во една платформа. Голема благодарност до спортската јавност, новинарите, медиумите, граѓаните на Битола и секако до Чкембарите.

Сите заедно влегуваме во еден светол период со уште поголеми амбиции за ракометот. Овој спортски храм треба да живее и натаму“, изјави Коњановски.
Тој додаде дека општината има сериозни иницијативи и значителни вложувања во спортот, при што резултатите веќе се видливи, а очекувањата се тие да бидат уште подобри во иднина.

Претседателот на РК „Еурофарм Пелистер“, Зоран Стерјев, изрази благодарност до Општина Битола и градоначалникот за досегашната соработка, нагласувајќи дека новата платформа претставува продолжение на успешниот модел на обединување.

„Оваа платформа можеби ќе биде малку поразлична, но и досега беше платформа на обединување. Сега тоа обединување станува уште поголемо. Очекуваме кон неа да се приклучат и други стопански субјекти кои веќе го најавуваат своето присуство. Тоа е доказ дека ова е вистинскиот пат по кој треба да се движиме за успех и во спортот и во градот“, изјави Стерјев.

Тој додаде дека амбициите на клубот се високи и дека секоја година се поставуваат нови, поголеми цели. Главните таргети се освојување на сите домашни титули, достојно претставување во европските натпреварувања и повторно учество во Лигата на шампионите.
„Овој град, оваа публика, играчите и сите кои се дел од клубот заслужуваат Битола да остане меѓу 16-те градови во Европа каде се игра најквалитетниот ракомет“, истакна Стерјев.

Со продолжувањето на оваа платформа, Битола ја потврдува својата посветеност кон развојот на ракометот и зајакнување на спортската традиција која со децении го прави градот препознатлив на домашната и европската спортска сцена

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слот: Шансите се тука но не ги реализираме

Следно

Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop