Зошто зафатените луѓе се секогаш попривлечни? Постои објаснување

October 13, 2025
1 min read

 Можеби сте биле слободни долго време, но штом ќе влезете во врска, одеднаш вашето „сандаче“ се полни со пораки. Или, од друга страна, редовно ве привлекуваат луѓе кои веќе се зафатени. Ако ова ви се случува, не грижете се, науката има објаснување за овој феномен.

Што е „копирање на изборот на партнер“?

Станува збор за феномен познат како „копирање на изборот на партнер“. Иако звучи комплицирано, всушност е многу едноставно и не сме единствените што го доживуваат – истиот процес на однесување е забележан и кај животните.

Психологот Елиозе Скинер за Метро објаснува: „Копирањето на избор на партнер е дефинирано како зголемена веројатност да изберете партнер поради туѓиот избор на таа личност, со други зборови, поединецот копира нечиј избор на партнер“. Таа додава: „Во основа, ако некому му се допаѓа таа личност, поголема е веројатноста и вам да ви се допадне затоа што привлекува повеќе луѓе, а не само вас. Звучи едноставно, но постои и биолошки доказ“.

Еволуциските корени на привлечноста

Овој феномен е документиран кај многу видови, од риб, птици до примати, вели психологот за врски, Лимор Готлиб. Според неа, ако мажот веќе е „избран“ од жена, тоа сигнализира дека тој поседува посакувани квалитети и е „достоен“ партнер. Иако ова може да им се случи и на мажите и на жените, Готлиб тврди дека жените се поподложни на ова влијание.

„Во нашата праисториска средина, изборот на партнер претставувал одлука со висок ризик поради големото мајчинско заложување – жените повеќе се заложувале за своите деца, од бременоста, па се до нивното воспитување. Затоа, жените бараат скриени квалитети и знаци кај мажите, како што се посветеност, лојалност, заштита и интелигенција, кои не се очигледни на прв поглед“, објаснува таа.

Мажите, од друга страна, се фокусирале на видливи знаци како што се младоста и здравјето, вели оваа жена-психолог. „Затоа изборот на партнер кај жените е поверојатно да биде под социјалното влијание, додека изборот на партнер кај мажите е повеќе визуелно калибриран“, заклучува таа.

Стапиците од копирањето на туѓиот избор

Скинер забележува дека луѓето со помалку искуство во врските или оние кои бараат надворешна потврда за своите одлуки се посклони кон овој феномен. Но, таквиот пристап носи и ризици. „Помага да се забрза донесувањето одлуки, но не гарантира компатибилност“, предупредува Готлиб. „Некој може да изгледа пожелен во јавноста, а сепак, приватно, да не биде здрав долгорочен партнер“.

Секоја трајна врска, истакнува таа, бара заеднички вредности и посветеност. „Да не спомнуваме дека ако некој го напушти својот партнер поради вас, секогаш постои ризик дека ќе го повтори тоа однесување“.

Ако дејствувате врз основа на „копирањето избор“, тоа се претвора во „крадење на партнерот“ или активен обид да се узурпира нечиј партнер. Готлиб вели дека една петтина од новите врски започнуваат на овој начин. „Оние кои ловат туѓи партнери, поголема е веројатноста да се нарцисоидни, екстровертни, неверни и отворени за нови искуства“, заклучува психологот, нарекувајќи го тоа „краткорочна стратегија“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје

Следно

Меџити: Време е за политика што служи на граѓаните, не на партиите

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop