Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Се воведува дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

March 4, 2026
1 min read

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

-Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 – синдромскиот систем за брзо известување и предупредување, согласно збирот на симптоми и знаци кои се присутни кај пациентите, соопштуваат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидува воведување електронски систем за пријавување на заразните болести кои подлежат за задолжително пријавување.

-Исто така, предвидена е дигитализација и заштита на личните податоци преку воведување нов член кој овозможува користење интернет платформи и паметни апликации, а воедно се елиминира ризикот од неовластено располагање со податоците, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Од Министерството додаваат дека со законските измени се предвидува обврска за континуирана едукација за ДДД, која ја спроведува Институтот за јавно здравје, проширена листа на патогени, како и информатичко поврзување на микробиолошките лаборатории.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола ја продолжува ракометната приказна: Општината и РК „Еурофарм Пелистер“ ја обновија платформата за соработка

Следно

Со торпедо е погодена иранска фрегата- 80 загинати, снимен е моментот на ударот (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop